fbpx

Софијанова: По ковид-19 дел од децата може да развијат мултисистемски инфламаторен синдром

-

Вирусот SARS-CoV-2 кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија, но неопходно е секој случај внимателно да се следи, вели директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова.

Таа потенцира дека ако се забележи влошување на здравствената состојба треба да се направат дополнителни испитувања кои би укажале на посериозни синдроми и состојби, како што е мултисистемски инфламаторен синдром.

Софијанова, која воедно е и претседателка на Здружението на педијатри, беше дел од неделните онлајн дискусии на Лекарската комора со цел да се олесни комуникацијата и размената на искуства и знаења за превенција и третман на ковид-19 меѓу лекарите од сите нивоа на здравствениот систем.

„Кај децата ковид-19 обично е благ и се лекува со симптоматска терапија. Но ако состојбата се влошува и фебрилноста трае повеќе од три дена, треба да се размислува и за дополнителни испитувања бидејќи во ретки случаи, децата можат да бидат сериозно погодени, а клиничките манифестации може да се разликуваат од возрасните“, вели д-р Софијанова.

Таа додава дека во април 2020 година, извештаите од Обединетото Кралство документираа презентација кај деца слична на нецелосна Кавасаки болест или синдром на токсичен шок.

„Оттогаш, има извештаи за слично погодени деца во други делови на светот. Состојбата е наречена мултисистемски инфламаторен синдром кај деца“, истакна проф. д-р Софијанова.

Овој инфламаторен синдром, вели таа, се јавува кај деца кои биле асимптоматски случаеви, или имале блага клиничка слика, а по период од две до четири недели развиваат болест, односно нова состојба која се манифестира пред сè со многу висока температура, над 39 степени па и 40 степени која трае повеќе денови и која не се спушта со антипиретици.

„Се јавуваат промени по кожата од типот на осип кој се јавува на лицето, на рацете, на телото, може да имаат и осип во устата, очите стануваат црвени, конјуктивите се хиперемични, настанува и воспаление на белите дробови, срцева слабост, тахикардија, бледило на кожата“, посочува д-р Софијанова.

Во однос на симптомите додава дека мултисистемскиот инфламаторен синдром предизвикува кај децата и стомачни тегоби, болки, гадење, повраќање, ентероколит, како и бубрежна инсуфициенција, пореметување на коагулација на крвта, пореметување на свеста, главоболки и грчеви.

Кога се во прашање на пост-ковид состојби проф. д-р Софијанова вели дека праксата покажува и зголемен број на деца со воспаление на слепо црево, зголемен број на случаи со јувенилен дијабетес, како и пораст на малигни заболувања.

„Но сепак ќе треба дополнителни истражувања за да може да се потврди дали постои нивна поврзаност со ковид-19“, децидна е Софијановаkovid.

Во однос на вакцинацијата таа истакна мислење на целосна поддршка за вакцинација на децата над 12-годишна возраст како и оние кои имаат хронично заболување.

Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова истакна дека пост-ковид заболувањата се сериозен предизвик со кој допрва ќе треба справуваат пациентите, здравствените професионални и здравствениот систем.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...