fbpx

Метаморфозис: Отвореноста не им е приоритет на општините

-

Само 10 општини во земјава имаат објавено граѓански буџет, додека единиците на локална самоуправа исполнуваат скромни 27 проценти од индикаторите опфатени во под-областа финансиска транспарентност. Општините не објавуваат податоци за платите на функционерите и надоместоците на членовите на Советот на општината.

Ова се само мал дел од резултатите од спроведеното истражување за Индексот на отвореност, којшто утре ќе го објави Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Резултатите укажуваат дека општините применуваат ниски стандарди за консултации, транспарентност, мониторинг и контрола во нивното работење. Исто така, постојат големи разлики во отвореноста помеѓу општинитеособено помеѓу планските региони – во Југоисточниот плански регион има просечна отвореност од 34 отсто, додека во Полошкиот – 19 отсто. 

„Пристапноста до и видливоста на сите финансиски информации: буџети, завршни сметки, финансиски извештаи и јавни набавки се законска обврска на општините и јавните претпријатија. Планирањето и трошењето на јавните пари на транспарентен начин е заложба на дел од општините и се забележуваат добри практики на објавување на информации во соодветен формат достапен и разбирлив за граѓаните и вклучување на граѓаните во одредување на приоритети за финансиското планирање“, велат од Фондацијата Метаморфозис. 

Со истражувањето е направена проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2021 година. Истражувањето на општините траеше помеѓу 1 јуни и 15 јули 2021 година, а ги опфати сите 80 ЕЛС и градот Скопје. Општините беа оценети преку 139 индикатори, поделени во 4 области и 9 под-области. Покрај ова, беа проверени и форматите на сите објавени документи на веб страниците на општините, преку хоризонталната област отворени податоци.

Целосните резултати и извештајот за проценката на состојбата на доброто владеење на општините во земјава за 2021 година ќе бидат достапни утре на веб страницата на Фондацијата Метаморфозис. Мерењата на Индексот на отвореност се спроведуваат на годишно ниво, започнувајќи од 2016 година преку мрежата ACTIONSEE.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...