fbpx

Собранието ги усвои законските измени, групирањето на јавен простор ќе се казнува со 500 евра

-

Пратениците доцна синоќа ги усвоија измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и тој ќе стапи во сила по објавување во Службен весник. Според Законот, задолжително е носење на лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично. Обврската е заштитата да се носи при излегување надвор од домот, односно движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип: на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои се места на собирање на повеќе лица, како што се државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично.

Оваа мерка нема да важи при спортување на отворен простор или на затворено, со почитување на специфичните протоколи за заштита, дистанца, дезинфекција и слично; потоа при возење во приватно патничко моторно возило, ако возачот е сам или со лице/лица со кој/кои што живее во заедница; при престојување во двор на семејна куќа сам или со лице/лица со кој/кои што заедно живеат во заедница; при седење во угостителски објект, со почитување на специфичните протоколи за заштита дистанца, дезинфекција и слично; во случаи ако се користи друг тип на заштитна опрема специфична за определено работно место; ако лицето е помладо од 6 годишна возраст (дете) и ако има специфична здравствена состојба, ако е лице со посебни потреби или со пречки во развој, поради што носењето на лична заштита на лицето би било проблематично или контраиндицирано.

Законот предвидува парична казна од 20 евра за неносење маска на отворено.

Забрането е групирање на јавен простор, паркови, јавни површини или било која површина на отворено, а тие што ќе се групираат на отворено ќе платат казна од 500 евра.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра. Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за корона вирус, од закажување на тестот или самото тестирање, до добивање на резултатот, а потоа самоизолацијата продолжува, ако резултатот е позитивен.

Мерките траат додека постои опасност од ширење на епидемија, а Владата, на предлог на Министерството за здравство, ќе одлучува кои од мерките ќе се применуваат, случаите во кои ќе се применат и за кој временски период.

Законот го регулира и лекувањето на лицата заболени од ковид-19, и според него, освен лекување во јавните здравствени установи, болните ќе можат да се лекуваат и изолираат и во приватни здравствени установи кои имаат дозвола за вршење на дејноста за интензивна нега и терапија или во домашни услови. Приватните здравствени установи, за да лекуваат пациенти од ковид-19 треба да имаат согласност од Министерството за здравство. Тоа е во случај доколку во ЈЗУ се исполнети капацитетите за лекување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...