fbpx

„Со оваа власт одиме во пропаст“, порачаа демонстрантите

-

„Колку чини слободата? Ние сакаме општество на слободни луѓе, тие сакаат збирштина од безрбетници – и тука нема компромис“. Оваа мисла на починатиот новинар и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, на булеварот пред зградата на Владата ја испишаа демонстрантите на „Шарената револуција“ кои и вечерва порачаа дека ќе бидат на улица сè додека не биде повлечена аболицијата и не бидат исполнети нивните барања.

Денешниот протест, кој беше под мотото „Со оваа власт одиме во пропаст“, традиционално почна пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, продолжи пред Владата за на крај да заврши со бојадисување на фасадата на Собранието.

Пред Собранието демонстрантите се потпишуваа на инцијативата „И јас сум хилиган/ка“ и се менуваа на чаталот за бојадисување на фасадата на Парламентот.

Пред бојадусувањето се пуштаа дел од „бомбите“ што минатата година ги објави опозициската СДСМ, поврзани со изборните измами на самиот ден на гласање како и подбивните разговори на сметка на Ромите. Пред граѓаните се обратија активистот Миодраг Стојанов и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

Стојанов порача дека нема да престанат да протестираат се додека аболицијата не се повлече и претседателот Иванов не си поднесе оставка.

– Фикусот од претседател 7 години молчеше, а сега гукна и направи хаос. Нема да дозволиме да им помине аболицијата. Од нелегитимниот претседател бараме оставка – рече Стојанов.

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски иронично ја повика поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска да дојде пред Собранието и да му даде пари, ако сака да го намести.

– Горде ако сакаш да ме наместиш дојди тука со пари. За правда и за слобода се бори, а не се молчи. Пет ромски партии се во коалиција со нив, но не смееја да писнат кога ги нарекуваа цигани. Го слушам Хорхе дека СЈО работело селективно. Нормално дека работат селективно, има такви кои краделе на големо и кои краделе на мало. Прво во затвор ќе одат они кои краделе на големо, а потоа оние кои краделе на мало – рече Ибраимовски и му порача на коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Амди Бајрам, дека од него ќе направи „дестилирана вода, а не „кока кола“.

Ибраимовски рече дека Ромите се заедно со „Шарената револуција“ и дека на сè има крај.

– И на најдолгиот филм има крај. Крајот е близу – рече Ибраимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...