fbpx

Словачка ќе се жали на суд за обврзувачките квоти

-

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска соопшти дека неговата земја по судски пат ќе се обиде да ја собори одлуката на ЕУ за распоредување 120.000 азиланти во европскиот блок.

Фицо рече дека Словачка ќе се жали пред надлежниот суд на ЕУ во Луксембург и повтори дека неговата земја не е подготвена да го прифати планот за распоредување на товарот на сите членки на Унијата.

– Нема да ја спроведеме одлуката затоа што сметаме дека тоа не може да функционира – рече Фицо во пресрет на денешниот самиот на ЕУ.

Според Фицо, системот на обврзувачки квоти за прифаќање азиланти е „ирационален“ и оти Словачка отсекогаш го отфрлала како „бесмислица“.

Словачка се противи на овој план заедно со Чешка, Романија и со Унгарија.

Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека нема да преземе правна акција против планот, иако неговата земја се противи на ваквото решение.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.