СЈО: Во претресот во Батинци одземени предмети што може да бидат доказ во „Титаник“

-

Во претресот што на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера беше извршен во селото Батинци, нема приведени лица, а биле пронајдени и одземени предмети што можат да послужат како доказ во постапката за случајот „Титаник“, соопштија денеска за „Мета“ од кабинетот на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Оттаму потврдуваат дека претресот бил во рамките на истрагата за случајот „Титаник“, но не го кажуваат лицето во чиј дом била спроведена акцијата.

„Претресот беше извршен во рамки на предметот „Титаник“ и не сме во можност да соопштиме кај кое лице се вршеше претресот. При претресот се пронајдени и одземени предмети што можат да послужат како доказ во постапката. Приведени лица нема“, стои во одговорот на СЈО на нашите прашања: За потребите на кој случај конкретно беше извршен претресот во куќа во селото Батинци?; Дали претресот е извршен во домот на лицето М.П. (Мунир Пепиќ), против кое се води истражна постапка во случајот „Титаник“ и за кое беше побарана мерка притвор?; Дали се пронајдени некакви докази и дали има приведени лица?

Според неофицијални информации, кои досега никој не ги демантираше, претресот бил извршен во домот на Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, кој е еден од осомничените во „Титаник“, за кој СЈО веќе побара притвор, но судот го одби барањето, а негативна беше и одлуката на Кривичниот совет по жалбата на обвинителите од тимот на Катица Јанева.

Според материјалите на судот, за одлуките по барањата на СЈО за притвор на лицето М.П., тој бил посочен од една од осомничените, со иницијали Ј.Г., и од двајца сведоци, Ф.С. и А.Е., како човек кој имал најголем удел во целокупната активност на носење лица на групно фотографирање за незаконски лични карти.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...