вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: акција Титаник | 15 резултати

СЈО во Батинци барало докази за носење гласачи од Пустец

8 март 2016

Мунир Пепиќ, вработен во полициската станица Центар, според засега непотврдени информации, е осомничениот во случајот „Титаник“ во чиј дом во Батинци на барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) бил извршен претрес. Од СЈО освен потврдата дека утрово е спроведена полициска акција, сè уште нема официјални информации дали нешто е пронајдено и дали има приведени лица. […]

СЈО: Јанкулоска штанцала лични карти, Божиновски рекетирал фирми, а Јанакиески остварувал на терен

20 февруари 2016

Основниот суд Скопје 1 ги објави решенијата со кои како неосновани ги одби барањата и жалбите на Специјалното јавно обвинитество (СЈО) за одредување притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Од материјалот објавен од судот може јасно да се видат причините поради кои СЈО барало притвор, како и детали за улогите на главните осомничени во акцијата – […]

Жалбите на Јанева одбиени – дефинитивно нема притвор за Јанакиески и за Темелко

18 февруари 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, ги одби како неосновани жалбите на Специјалното јавно обвинителство на одлуката на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, и на уште две лица осомничени […]

Кривичниот совет најдоцна до утре треба да одлучи по жалбите на Јанева

17 февруари 2016

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, најдоцна до утре попладне треба да донесе одлука по жалбите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судијата на претходна постапка кој ги одби барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Како што потврдуваат од судот за „Мета“, вчера пристигнале и жалбите […]

„Титаник“ заплови во лавиринтот на барања, одлуки, жалби и на решенија

16 февруари 2016

Како што се покажа деновиве, Кривичниот суд Скопје 1 до последен детаљ ќе ја води процедурата и ќе го одолговлекува одлучувањето по жалбите на Специјалното јавно обвинителство на решенијата на судијата на претходна постапка да не им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Практично, од петокот, по прес-кнференцијата на СЈО, почнаа да течат рокови […]

Нема притвор за Јанкулоска и за Божиновски

16 февруари 2016

Судија на претходна постапка го одбил предлогот на Специјалното јавното обвинителство и не им одредил притвор на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, и на генералниот секретар на владата, Кирил Божиновски, осомничени во акцијата „Титаник“. Јанкулоска, Божиновски и уште две лица вчера беа на распит пред судија на претходна постапка од одделот за организиран […]

Кривичниот суд попладнево треба да се изјасни по жалбите на Јанева

15 февруари 2016

Советот на Основниот суд Скопје 1, составен од тројца судии, до крајот на денешниот ден треба да донесе одлука по жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на решенијата на судиите на претходна постапка кои ги одбија барањата за притвор на осомничените во акцијата „Титаник“. Обвинителите на Јанева уште пред истекот на законскиот рок од 24 […]

Што следува по одбиените барања на Јанева за притвор на осомничените во „Титаник“?

13 февруари 2016

Со неприфаќањето на судот на барањата на Катица Јанева и на нејзиниот тим да им одреди притвор на осомничените во акцијата „Титаник“, почнуваат да течат реалтивно куси законски рокови (од 24, односно 48 часа) за сите страни – за СЈО, за осомничените и за судот. Јанева има рок од 24 часа од донесувањето на решението […]

Груевски: Судот да не подлегнува на притисоци

13 февруари 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ги повика судските органи да не подлегнуваат на притисоци и да продолжат да работат во согласност со законите. – ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува правосудните органи да не подлегнуваат на никакви притисоци, да работат исклучиво согласно словото на законот и да не дозволат да бидат вовлечени во политичка кампања – рече […]

Едмонд Темелко се врати во Пустец

13 февруари 2016

Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец. Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство. За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш […]

Како се краделе изборите: Детали за акцијата „Титаник“

12 февруари 2016

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска одржa прес-конференција на која ја најави првата акција под името „Титаник“. Во неа, како што информираа од Специјалното обвинителство, биле отворени истражни постапки против поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески (иако нивните имиња не беа експлицитно наведени), како и против секретарот на Владата, Кирил Божиновски, за злосторничко здружување, повреда […]

Страна 1 од 1