fbpx

Шпанците денеска избираат нова влада

-

Граѓаните на Шпанија денеска гласаат на парламентарни избори, а исходот е тешко да се прогнозира. Процените се дека ниту една партија нема да го освои потребното мнозинство и дека ќе следува коалиција.

Последните анкети покажуваат дека дури 40 отсто од Шпанците се неопределени, дека владејачките конзервативци на премиерот Маријано Рахој водат, но дека во парламентот кој брои 350 членови нема да го освои потребното мнозинство за да владее самостојно.

Според анкетите, на второ место се социјалистите, потоа десно-центристичката групација „Граѓаните“, како и левичарската партија „Подемос“ (Можеме).

На чело на „Подемос“ е харизматичниот 37-годишен Пабло Иглезијас, кој органзираше протести против мерките за штедење од кои најголеми последици има средната класа и сиромашните слоеви на општеството.

Иглезијас е професор на факултет за политички науки и социологија во Мадрид.

За време на владеењето на Рахој, Шпанија излезе од финансиската криза, но мерките за штедење и реформите што неговата влада ги усвои се непопуларни, а невработеноста во земјата и понатаму е поголема од 20 отсто. Голем број Шпанци, особено младите, сметаат дека владата која е вовлечена во корупциски скандали, не е во состојба да ги заштити нивните интереси.

Шпанија има вкупно 36,5 милиони регистрирани гласачи, кои гласаат на 22.960 избирачки места и денеска треба да ги изберат членовите на Долниот дом на парламентот како и на Сенатот.

Изборите ќе го чинат државниот буџет 130 милиони евра. За кампањата социјалистите потрошија 9 милиони евра, „Граѓаните“ – 4 милиони евра, Обединетата левица – 2,5 милиони евра, „Подемос“ – 2,2 милиони евра, додека Народната партија не го претстави својот отчет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...