fbpx

„Професорски пленум“ бара од ректорот Стојковски да свика итна седница на Сенатот

-

Од „Професорскиот пленум“ упатија писмо до ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, со кое бараат најдоцна до среда свикување на итна, вонредна и јавна седница на Сенатот на УКИМ со претставниците на „Студентски пленум“, младинската организација „Мугра“, „Професорскиот пленум“ и со медиумите.

На седницата на Сенатот бараат да се разгледаат следните точки на дневен ред:

1. Дали имало и кој ја издал дозволата за сечење дрвја во паркот на Универзитетот, во доцните ноќни часови;
2. Дали имало официјален повик и кој го издал повикот специјалната полиција да влезе на територијата на Универзитетот, во понеделникот на 14 декември 2015 година;
3. Информација за процедурата и за правната основа за почнатите градежни активности во рамките на кампусот за општествено-хуманистички науки.

„Сметаме дека Ваша должност и одговорност е да преземете активности во насока на решавање на конфликтната ситуација на УКИМ“, велат од „Професорски пленум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...