fbpx

Седницата без Јанева e прекината и презакажана за утре во 12 часот

-

Седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците заврши неколку минути откако почна, а претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, ја презакажа за утре во 12 часот.

– Колеги пратеници, со жалење можам да констатирам дека условите за одржување на седницата не се исполнети затоа што специјалната обвинителка, Катица Јанева, која беше подносител на извештајот не е присутна и затоа ја презакажувам седницата за утре во 12 часот – рече Ѓорчев.

Пред да ја распушти Комисијата, неколку пратеници од опозицијата побараа да зборуваат процедурално, но Ѓорчев не им дозволи.

Претходно, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ја напушти седницата и рече дека тоа што ѝ се прави е класичен мобинг и најави дека повеќе нема да се врати, освен на пленарна седница.

Од Специјалното јавно обвинителство потоа известија дека специјалната обвинителка Катица Јанева поради работни обврски веќе нема да учествува на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но штом ќе биде закажана пленарна седница ќе присуствува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...