fbpx

Јанева ќе присуствува само на пленарната седница за СЈО

-

Специјалната обвинителка Катица Јанева поради работни обврски веќе нема да учествува на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

– Нема повеќе да присуствувам на расправата на седниците на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците поради работни обврски. Штом ќе биде закажана пленарна седница, се разбира дека ќе присуствувам на неа – изјави Јанева.

Од Специјалното јавно обвинителство појаснуваат дека Јанева транспарентно одговарала на сите прашања на седницата на Комисијата, вклучувајќи ги и тие што не се поврзани со извештајот.

„Појаснуваме дека иако предмет на разгледување на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците беше вториот шестмесечен извештај за работата на ова јавно обвинителство, сепак специјалната јавна обвинителка Катица Јанева транспарентно одговараше и на сите поставени прашања кои не беа поврзани со извештајот“, стои во соопштението од СЈО.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...