fbpx

Ребалансот на буџетот стигна до Влада, седницата закажана за 15 часот

-

Владата попладнево ќе ја одржи својата седумнаесетта седница, со почеток во 15 часот, информираат оттаму. На седницата ќе се разгледа ребалансот на буџетот за кој заврши комисиската расправа.

„Дневниот ред за денешната седница предвидува Владата да ја разгледа и информацијата на Министерството за финансии за статусот на проектот „Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на персонален данок на доход за граѓаните“, кој го води Управата за јавни приходи“, информираат од Влада.

На денешниот дневен ред пред министрите ќе се најдат и неколку предлози за кадровски решенија, а исто така ќе бидат разгледани и дополнителни предлози и прашања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...