fbpx

Разбојништво во куќа во населбата Ченто

-

Тројца маскирани и вооружени разбојници утрово влегле во куќа во Скопје и од сопственикот и од постанарката одзеле пари, лаптоп и накит, информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило во куќа на улицата Палмиро Тољати, во населбата Ченто. Маскираните разбојници со пиштол им се заканиле на сопственикот М.М.В. (44) и на Ч.С.К. (66) и од нив одзеле 100 евра, лаптоп, разновиден златен и сребрен накит и мобилен телефон.

Од полицијата засега немаат осомничени за разбојништвото.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...