fbpx

Рама ја уценува ЕУ заканувајќи се со војна, оцени Вулин

-

Албанскиот премиер Еди Рама со своите изјави сака да ја уцени Европската Унија, оцени српскиот министер за работа, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, додавајќи дека Рама е подготвен да предизвика војна и судири на Балканот.

Реакцијата на Вулин доаѓа откако Рама изјави дека ако перспективата за членство на Западен Балкан во ЕУ продолжи да бледее, не ја исклучува можноста за обединување на Албанија и на Косово. Вулин истакна дека ова не е првпат премиерот на Албанија да се заканува.

– Обединувањето на Албанија и на Косово не може да се направи по мирен пат и не може да се случи без војна и без големи несреќи. Еди Рама ќе ги повторува ваквите изјави и ќе продолжи да ја уценува ЕУ до оној момент додека Брисел не му стави јасно до знаење дека таквото однесување е неприфатливо и дека ќе биде, не само осудено, туку и казнето – рече Вулин.

Тој истакна дека на Рама треба да му се каже дека не може да предизвикува војна и дека со такво однесување Албанија сигурно нема да стане членка на ЕУ.

– И не треба да стане членка на ЕУ, затоа што оној кој е во состојба да се заканува со војна за да ги исполни своите политички цели, не заслужува да биде членка на ниту една унија, па ни на ЕУ – истакна Вулин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...