fbpx

Гаши: Странците не доаѓаат со готови решенија, но сакаат да помогнат

-

Странските дипломати што доаѓаат во Македонија, не доаѓаат со готови решенија, туку сакаат да помогнат, изјави потпретседателот на движењето Беса, Африм Гаши, по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт.

– Бараат начини како може да се помогне, како ние заеднички би можеле да се договориме за излез од кризата. Сите надворешни дипломати што се дојдени досега, барем според пристапот што го имаат кон Беса, сакаат да помогнат Македонија што побргу да излезе од сегашната криза – рече Гаши.

На средбата со Билт, како што рече Гаши, било разговарано за актуелната политичка состојба, за начините за излегување од кризата, но и за тоа „кои се Беса и како се дојдени на политичката сцена“.

– Сакаше да се запознае со Движењето Беса како нов субјект, да дознае кои се нашите гледишта за процесите и за државата, но поголем дел од времето го потрошивме на наоѓање начини како Македонија би можела да излезе од кризата – рече Гаши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...