fbpx

Производителите на канабис ќе плаќаат 10 отсто од прометот на државата

-

На својата вчерашна, 156-та седница, Владата го прифатила новиот предлог-закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со кој нема промена – и понатаму канабис ќе може да одгледуваат само правни лица, кои ќе уплаќаат во државниот буџет 10 отсто од прометот.

Според владиното образложение, основната цел на новиот закон е „спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанции, спречување на нивно недозволено производство и промет, како и заштита на животот и здравјето на луѓето и контрола на опојните дроги и психотропните супстанции.

Текстот на предлог-законот предвидува а одгледувањето на канабис за медицински цели да биде дозволено само на правни лица кои имаат одобрение донесено од Министерството за здравство, по претходно добиена согласност од Владата, како и дека секоја измена во сопственичката структура треба да биде одобрена од страна на Владата.

Исто така, сите компании кои ќе добијат лиценца, ќе треба да уплатуваат средства во висина од 10% од вкупниот износ без пресметан ДДВ во државниот буџет, а Владата ќе ги распределува овие пари. Притоа, приоритет ќе имаатт лековите за ретки болести и други приоритети во здравствената заштита.

Текстот на предлог-законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции ќе биде ставен на јавна расправа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...