fbpx

Почнуваат преговорите со Грција за изградба на интерконективниот гасовод

-

Преговорите меѓу Македонија и Грција околу изградбата на интерконективниот гасовод се очекува да започнат во најскоро време. Владата на вчерашната седница го усвои предлогот за поведување постапка за водење на преговори за склучување на Договорот меѓу двете земји и го овласти министерот за економија Крешник Бектеши, како шеф на делегацијата на нашата земја, да го парафира текстот на договорот по постигнувањето согласност на преговорите.

Во досегашната соработка меѓу властите од двете земји, утврдено е дека најадекватна траса за изградба на интерконективниот гасовод е поврзување на идната гасоводна делница Гевгелија – Неготино со актуелниот гасовод во изградба Неготино – Битола. Делницата од Гевгелија до Неготино ќе биде долга 80 километри, додека од грчка страна треба да се изградат околу 60 километри од трасата.

Интерконективниот гасовод на Македонија треба да ѝ обезбеди алтернативен извор за снабдување со природен гас, бидејќи земјава во моментов е една од ретките во Европа што е целосно зависна од увозот на руски гас. Конкурентниот извор на гас се очекува да донесе пониски цени за овој енергенс во споредба со актуелните високи цени што во моментов ги плаќаат македонските потрошувачи.

Изградбата на интерконективниот гасовод би ѝ овозможил на нашата земја во иднина да остварува приходи од транзитот на гас кон Косово и Србија, доколку овие земји се одлучат да градат гасоводни делници кон нашата земја.

Преминот на гасоводната делница меѓу двете земји ќе биде кај грчкото село Идомени, а трасата низ нашата земја ќе минува низ општините Гевгелија, Богданци, Демир Капија и Неготино. Површината на опфат на целокупниот инфраструктурен објект ќе изнесува над 168 хектари земјиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...