fbpx

Предлогот за новите министри денеска ќе се достави до Собранието, Заев ќе биде и министер за финансии

-

Премиерот Зоран Заев денеска го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата, што денеска се доставува до Собранието.

Заев соопшти дека на Собранието ќе го предложи за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој доаѓа од самото министерство и е дел од тимот на досегашниот министер Љупчо Николовски.

За министер за животна средина и просторно планирање ќе биде предложен Насер Нуредини, за министер за култура Хусни Исмаили, за министер за локална самоуправа Горан Милевски, и за министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите информираше дека обврските на министер за финансии ги презема тој, и оваа функција ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата премиер.

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев им се заблагодари на министрите што досега им служеа на граѓаните и на државата, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на министерот за култура Асаф Адеми, на министерот за финансии Драган Тевдовски, на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, на министерот без ресор за спроведување на рамковен договор и политички систем Хазби Лика, и на министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

Со предложената реконструкција, новиот состав на Владата ќе брои едно министерско место помалку.

„Оваа година ја прогласивме за година за економијата. Влегуваме во таа насока со сите перформанси. Тевдовски останува до мене, најверојатно како советник. Тој е член и на Извршниот одбор на СДСМ. Следуваат храбри решенија, храбри одлуки од кои бенефит треба да видат сите граѓани, во социјалниот дел, во делот на земјоделието, платите“ , рече Заев.

Премиерот ги соопшти приоритетите во делот на финансиите и економските политики, и нагласи дека ребалансот на буџетот, ќе се донесе на почетокот на есента.

Заев информираше дека во текот на следната недела ќе бидат соопштени и останатите кадровски решенија во институциите на извршната власт за да заврши процесот до крајот на овој месец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...