Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со засилен ветер и град.
Дневните температури ќе изнесуваат меѓу 26 и 33 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и со услови за појава на невреме. Температурата ќе се движи од 18 до 30 Целзиусови степени.
До среда во попладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Потоа во наредните денови ќе биде стабилно и потопло, освен в петок, кога ќе има изолирана појава на краткотраен дожд.