fbpx

Повеќе од 70.000 Сиријци побегнале од Алепо по офанзивата на армијата

-

Најмалку 70.000 Сиријци ги напуштиле своите домови во изминатите три дена откако силите лојални на претседателот Башар ал-Асад, со поддршка на руската авијација, почнаа офанзива врз позициите на опозициските бунтовници, јужно од градот Алепо, соопштиле активисти на хумантираните организации, јавува „Би-Би-Си“.

Првиот човек на Унијата на организации за медицинска помош на Сирија, доктор Заидоун ал-Зоаби, за британскиот национален сервис изјавил дека неколкуте села што тој ги посетил биле целосно празни, додавајќи дека видел илјадници луѓе како бегаат, без засолниште и медицинска помош.

Покрај околината на Алепо, офанзивата на сириската армија е насочена и во руралните подрачја северно од градовите Хомс и Хама, како и во северните делови на провинцијата Латакиа, долж морскиот брег.

Милитантите на опозицијата, не вклучувајќи ги џихадистите на Исламска држава (ИД), ги зазедоа овие важни стратегиски места на почетокот од годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...