вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: бунтовници | 61 резултати

Жестоки борби помеѓу сириските владини сили и бунтовниците во Дамаск

19 март 2017

Жестоки борби избувнале денеска помеѓу сириските безбедносни сили и бунтовниците во источниот дел на главниот град на Сирија, Дамаск, пренесува „Би-би-си“. Борбите почнале откако бунтовничките сили извршиле ненадеен напад во областа Џобар, која е блиску до центарот на градот. Според жителите на областа, бунтовниците истрелале артилериски гранати и ракети во центарот на градот за време […]

Повеќе од 40 сомалиски мигранти убиени во близина на брегот на Јемен

18 март 2017

Повеќе од 40 сомалиски мигранти, меѓу кои имало жени и деца, биле убиени ноќеска во близина на брегот на Јемен, додека биле превезувани со чамец, јавуваат светските агенции. Чамецот, со околу 140 мигранти од Сомалија, бил погоден од лесно оружје во близина на пристанишниот град Ходеда, на западниот брег на Јемен, соопштила канцеларијата за бегалци […]

Сириската влада е подготвена за размена на затвореници

13 февруари 2017

Сириската влада соопшти дека е подготвена да ослободи затвореници во замена за цивили и војници кои држат бунтовници. Неименуван претставник, за сириската телевизија, изјавил дека понудата е дадена во пресрет на дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана. Владата и бунтовниците минатата недела разменија десетина лица, вклучувајќи жени и деца, кои […]

Повеќе од 10 жртви во разгорените борби во Источна Украина

30 јануари 2017

Повеќе од 10 луѓе загинале во борбите во Источна Украина денеска, во територија надвор од контрола на проруските бунтовници, јавија светските агенции. Тоа се меѓу најжестоките борби во последните неколку седмици, откако стапи на сила новото примирје, на 23 декември лани. Примирјето беше нарушено неколкупати оттогаш. Седум украински војници загинале во борбите што почнаа меѓу […]

Судири меѓу бунтовниците и владините сили на кратко го прекинаа примирјето во Сирија

30 декември 2016

Само два часа по стапувањето на сила на примирјето во Сирија, договорено со посредство на Русија и на Турција, избувнале судири меѓу бунтовниците и владините сили, тврди сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Опсерваторијата наведува дека бунтовниците го прекршиле примирјето, заземајќи позиции во провинцијата Хама, но додава дека судирите […]

Бунтовници ја загадиле водата во Дамаск

24 декември 2016

Претставниците на водоводот од Дамаск јавија дека се принудени да ја намалат испораката на вода во сириската престолнина затоа што бунтовниците ја загадиле водата со дизел-гориво. Додека проблемот не се реши, жителите на Дамаск ќе користат резерви на вода, најавија градските власти.

Сириската војска ја презеде контролата врз Алепо

22 декември 2016

Сириската војска денеска соопшти дека ја презела целосната контрола над градот Алепо, по евакуацијата и на последната група цивили и бунтовници од градот, јавува „Би-би-си“. Претставник на Обединетите нации (ОН) претходно соопштил дека за една недела, односно од минатиот четврток до денеска повеќе од 34.000 лица биле евакуирани од градот. Евакуираните цивили и припадници на […]

Продолжува евакуацијата во Алепо, 1.000 луѓе го напуштија градот

19 декември 2016

Околу 1.000 луѓе го напуштија денеска источниот дел на Алепо, при новата евакуација на жителите во тој дел од градот, кој е под опасада на владините сили. Шефот на единицата на лекари и на волонтери кои ја коордирнираат евакуацијата, Ахмад ал Дбис, изјави дека луѓето биле евакуирани со 20 автобуси и се упатиле во западниот […]

Продолжува евакуацијата на цивили и на бунтовници во Алепо, соопштија сириските власти

15 декември 2016

Сириските воени претставници денеска соопштија дека се направени сите подготовки и оти евакуацијата на цивили и на бунтовници од Алепо може да почне во „секој момент“. Опозициските набљудувачки групи синоќа соопштија дека евакуацијата веќе почнала, но новите наводи не можеа веднаш да бидат потврдени. Спогодбата за евакуација на бунтовниците и на цивили од источен Алепо […]

Сириската војска убива цивили во Алепо, тврдат ОН

13 декември 2016

Обединетите нации денеска соопштија дека сириски провладини сили почнале да влегуваат во домови во источните делови во Алепо и да ги убиваат цивилите кои ќе ги затекнат внатре, пренесува „Би-би-си“. Од канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, како што наведува британскиот национален сервис, изјавиле дека имаат веродостојни докази дека во четири области 82 цивили биле […]

Сириската војска контролира 90 отсто од источниот дел на Алепо

12 декември 2016

Сириската војска утрово зазела уште еден голем кварт во Алепо и сега контролира 90 отсто од источниот дел на овој град, кој од почетокот на војната беше во рацете на бунтовничките сили, соопштила сириската опсерваторија за човекови права, јавуваат светските агенции. Силите на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазеле квартот Шеик Саид, во кој […]

Убиен руски полковник во Алепо

7 декември 2016

Рускиот полковник Руслан Галицки е убиен во Алепо откако сириските бунтовници гранатираа дел од градот во кој се наоѓал, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Убиството на Галицки може да предизвика уште посилен притисок од Русија врз бунтовничките сили, кои се борат против сириската војска, пренесува Сириската опсерваторија за човекови права. – Бунтовниците направија голема […]

Сириската војска го зазеде стариот дел на Алепо

7 декември 2016

Сириската војска денеска ја презела целосната контрола над стариот дел на Алепо, кој беше држен од бунтовничките сили, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Сириската војска во стариот дел на градот, кој е втор по големина во Сирија, влегла вчера. Како што јавуваат агенциите, бунтовничките сили во последните […]

Можен е договор меѓу САД и Русија за повлекување на бунтовниците од Алепо, смета Лавров

5 декември 2016

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е уверен оти Москва и Вашингтон можат да постигнат договор на неделните разговори за повлекување на сите бунтовници од источниот дел на Алепо во Сирија. Кога ќе се постигне договор, сите бунтовници кои одбиваат да го напуштат опколениот град ќе бидат третирани како терористи, нагласи Лавров […]

Сириската војска тврди дека контролира повеќе од половина од источниот дел на Алепо

4 декември 2016

Сириската војска ја презела контролата на повеќе од 50 осто од источното подрачје на Алепо, кое го држеа бунтовничките сили, изјавил денеска потрпаролот на сириската војска, генералот Самир Сулејман. Сулејман за „Би-би-си“ вели оти се надева дека за неколку недели целиот град ќе биде во рацете на државните сили. Сириската војска во изминатите три недели од […]

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо

3 декември 2016

Сириската војска зазела уште еден кварт во источниот дел на Алепо, во рамките на големата офанзива за преземање целосна контрола над градот од бунтовничките сили, соопштила денеска сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јавуваат светските агенции. Силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад го зазела квартот Тарик ал Баб и сега […]

Во денешното бомбардирање на Алепо загинаа 27 цивили, градот остана без болници

19 ноември 2016

Во денешното бомбардирање на кварт во сирискиот град Алепо, каде што се наоѓаат бунтовници, загинаа 27 цивили. – Ниту еден кварт на истокот на Алепо денеска не е поштеден од бомбардирање од страна на сириските владини безбедносни сили – соопшти опозициската Опсерваторија за човекови права. Странските медиуми соопштуваат дека градот практично останал без болници. Светската […]

Повторно воздушни напади на Алепо

15 ноември 2016

Сириските опозициски активисти јавуваат дека во источниот дел на Алепо денеска се изведени воздушни напади, првпат по три недели. Тоа, како што велат, би можело да означува почеток на нова владина офанзива на овој северносириски град. Сириската Опсерваторија за човекови права соопшти дека се бомбардирани три населби, но оти засега нема податоци за евентуални жртви. […]

Москва: Бунтовниците во Алепо употребиле хемиско оружје, повредени 30 сириски војници

14 ноември 2016

Триесеттина сириски војници синоќа се повредени во источниот дел на Алепо откако бунтовниците извршиле напад со хемиско оружје, соопшти денеска руското министерство за одбрана. Од министерството наведуваат дека повеќето повредени се хоспитализирани во Алепо. Пред два дена Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека сириските владини сили ги повратиле сите подрачја […]

Бунтовници го одбија предлогот на Русија за продолжување на примирјето во Алепо

2 ноември 2016

Сириската бунтовничка група Нур ел дин ел зинки го отфрли рускиот предлог за хуманитарна пауза во Алепо, нарекувајќи го „медиумска сензација за јавна употреба“. Портпаролот на бунтовниците, Јасер ал Јусеф, рече дека Русија „не е сериозна“, додавајќи дека не се заинтересирани за последната иницијатива од Москва. Јусеф оцени дека предлогот на рускиот претседател Владимир Путин не […]

Страна 1 од 3