fbpx

Законот за „бомбите“ е буквален атак врз слободата на интернетот

-

По повод меѓународната иницијатива „Слобода наместо страв“, се одржа трибината „Безбедност на комуникации и закани од следење и надзор на комуникациите“, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“, а во партнерство со коалицијата Граѓаните за Македонија.

Секоја институција или компанија кој прибира податоци за одредено физичко лице мора да почитува одредени принципи за лицето да има контрола кои негови податоци се користат и за која цел, вели Билјана Волческа од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

– Има стандарди според кои можат да се следат комуникациите и да се прибираат лични податоци, а сè што ќе се прекрши преставува нарушување на приватноста. Телекомуникациските оператори и интернет-провајдерите треба да имаат механизми со кои ќе ја гарантираат доверливоста на своите корисници и кои треба да обезбеднат сигурност и тајност на нивните податоци и комуникации. Тие треба да преземат технички мерки за податоците да бидат сигурни, а потоа да бидат и уништени доколку целта за која се собирале се исполнила – додава Волческа.

Таа вели дека до Дирекцијата за заштита на лични податоци по службена должност не е поведена постапка од засегнати граѓани за материјалите што произлегуваат од „бомбите“ што ги објави опозицијата.

Виолета Ѓорѓиевска од „Интернет хотлајн провајдер – Македонија“ вели дека со објавувањето на „бомбите“ се случило таканаречено сајбер-малтретирање (сајбер булинг) на дел од политчката елита, што претставува појава при која одредена група вади и објавува лични податоци за некоја личност со што ѝ го нарушува угледот.

– Сајбер-малтретирањето не е дефинирано во согласност со Кривичниот законик и не знам како ќе се решат случаите што се поврзани со тоа. Законот за „бомбите“ што го предложи власта е буквален атак врз слободата на интернетот и претставува негова цензура. Таков закон не може да се донесе без да се формираат соодветни тела што ќе водат грижа за интернетот да не се цензурира – рече Ѓорѓиевска.

Иницијативата „Слобода наместо страв“ е присутна во Македонија од 2008 година, а оваа година како партнер се вклучува и коалицијата Граѓаните за Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...