Почна средбата меѓу Груевски и Хан

Во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и на заменик-министерот за правда, Билјана Бришковска, премиерот Никола Груевски пристигна во резиденцијата на Европската унија.

На средбата во резиденцијата, премиерот Груевски треба да се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска шполитика, Јоханес Хан.

Хан ќе има средби и со другите лидери на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, а се очекува во 17 часот да се одржи и заедничка лидерска средба.