fbpx

Потребна е деполитизација на МВР и ефикасен надзор врз разузнавачките служби

-

Повеќе од 800 разгледани случаи за пречекорување на полициските овластувања, 104 поведени постапки против полицајци поради кршење на работниот ред и дисциплина и седум кривични пријави против 14 службеници е билансот од работата на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во првите шест месеци од годинава, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во своето обраќање по повод промоцијата на кампањата „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“, под покровителство на Европската унија (ЕУ).

– Исполнувањето на европските стандарди во областа на правдата и на внатрешните работи, почитувањето на основните права и слободи како фундаменти на секое демократско општество се постулати врз кои се темели полициското работење. Министерството за внатрешни работи посветува особено внимание на исполнувањето на меѓународните стандарди што се однесуваат на почитувањето на основните човекови права и слободи – рече во своето обраќање министерот Чавков.

Амбасадорот на ЕУ во земјава, Аиво Орав, на промоцијата на кампањата истакна дека иако има одреден напредок, и понатаму се потребни реформи, особено во однос на деполитизација на МВР и надзорот врз разузнавачките служби.

– Особено реформите се потребни во однос на понатамошна деполитизација на МВР, политика на интегритет и борба против злоупотребата, лошиот третман и прекумерната употреба на сила. Од една страна, тоа значи зајакнување на системите за внатрешна контрола, за тој да биде непристрасен, транспарентен и систематски да се спроведува, а од друга страна, има потреба од создавање на навистина независен систем за надворешен надзор врз полицијата и да се обезбеди ефективен надзор на разузнавачките органи – рече Орав.

Целта на кампањата „Правата да се уживаат, обврските да се почитуваат“ е да се подигне јавната свест на граѓаните за нивните права и обврски, како и нивно запознавање со обврските на полициските службеници.

Кампањата, која ќе трае до крајот на октомври, е последна фаза од проектот „Јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот за соодветно постапување со задржани и осудени лица“, почнат во 2013 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...