fbpx

Поради ставовите на САД, ќе се прекинат преговорите за трговски договор со Европа

-

Постои голема веројатност за прекинување на преговорите за договорот за Трансаталнтско партнерство за трговија и инвестици ( ТТИП) поради ставовите на САД, оцени денеска Матијас Фекл, францускиот државен секретар за надворешна политика.

– Сакаме реципроцитет. Европа нуди многу, а за возврат добива малку. Тоа не е прифатливо – изјавил Фекл.

Тој навел дека една година го критикува ставот на САД и дека е неопходен „прекуокеански реципроцитет“.

Фекл истакнал дека Париз сака француските мали и средни претпријатија да имат пристап на американскиот пазар и сака да ја заштити својата економија.

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габријел непосредно пред последната рунда преговори за ТТИП изјавил дека Американците не сакаат да ги отворат своите јавни тендери за европските фирми и тоа е сосема спротивно на слободната трговија.

Во Њујорк минатата недела беа продолжени преговорите за ТТИП, чијашто цел е формирање на најголема зона на слободна трговија на светот со 800 милиони жители.

Постигнувањето договор е планирано за оваа година, но разликите се преголеми за да се надминат до крајот на годината.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...