fbpx

Попоски: Подготовката на изборите не остава простор за изговори околу резултатите

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска на министерскиот состанок на земјите членки на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), истакна дека тероризмот, насилниот екстремизам, радикализацијата и мигрантската криза претставуваат сериозни безбедносни предизвици со кои се соочува регионот на ОБСЕ.

– Македонија е активен партнер на меѓународните антитерористички коалиции и ќе продолжи да придонесува кон напорите за сузбивање на тероризмот, како и на насилниот екстремизам и радикализацијата – рече Попоски.

Говорејќи за мигрантската криза, тој истакна дека преземањето на претседателството со ОБСЕ од страна на Австрија е значајно за Македонија поради фокусот врз менаџирањето на мигрантската криза.

– Свесни сте за напорите на Македонија во справувањето за кризата. Поради неизвесноста на овој предизвик, уште еднаш Ве повикувам на единство и на соработка во справувањето со сите аспекти во менаџирањето на овој предизвик – рече Попоски, кој на маргините на министерската средба имаше повеќе билатерални средби.

Во контекст на предвремените парламентарни избори во Македонија, закажани за недела, на 11 декември, Попоски истакна дека чувството кај партнерите на Македонија во ОБСЕ е дека „сите мерки кои се презедоа во изминатите месеци за подготовка на изборниот процес, го сведуваат на минимум просторот за какви било изговори во однос на резултатите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...