fbpx

Поевтинува дизелот, поскапува бензинот Супер 98

Супер 98 ќе се продава за половина денар по литар поскапо отколку сега

-

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ), по полноќ нови цени ќе добијат дизел горивото и екстралесното масло за домаќинство и бензинот Супер 98. Првите две горива ќе бидат поевтини за половина денар по литар, Супер 98 ќе се продава за половина денар по литар поскапо отколку сега.

Од РКЕВУ одлуката ја објаснуваат со промена на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари и со паѓањето на вредноста на доларот во однос на денарот.

Од 05.9.2023 година од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 = 87 денари/литар
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 = 89,5 денари/литар
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) = 81 денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) = 80,5 денари/литар
Мазут М-1 НС = 46,158 денари/килограм

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...