fbpx

Путин: Нема нов договор за извоз на украинското жито додека Западот не ги прифати руските барања

Истовремено, денеска во Сочи, рускиот претседател Путин објави дека Русија е близу до склучување договор за бесплатно жито за шест африкански земји

-

Обидот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го убеди рускиот колега Владимир Путин, Русија повторно да се обврзе под капата на Обединетите Нации да гарантира безбеден извоз на украинското жито преку Црното Море по се изгледа ќе биде безуспешен.

Како што јави новинската агенција „Асошиејтeд Прес“ од рускиот црноморски град Сочи, Путин рекол дека нема да се склучи нов договор додека Западот не ги исполни неговите барања.

Претходниот договор, инициран од Ердоган, а склучен во рамките на Обединетите Нации, беше потпишан минатото лето, а Русија во јули годинава првпат одби тој да биде продолжен, велејќи дека паралелниот договор да се отстранат пречките за рускиот извоз на храна и вештачки ѓубрива не е почитуван.

Истовремено, денеска во Сочи, рускиот претседател Путин објави дека Русија е близу до склучување договор за бесплатно жито за шест африкански земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...