fbpx

Пет загинати во три бомбашки напади во Турција

-

Најмалку пет припадници на турските безбедносни сили загинаа во три одвоени бомбашки напади на курдските милитанти, извршени во близина на границата на Турција со Сирија и со Иран, јавуваат воени и безбедносни извори.

Еден војник е убиен, а уште шест се ранети во бомбашки напад што се случил утринава во Нусајбин, во близина на турско-сириската граница, соопшти војската.

Во бомбашки напад на Работничката партија на Курдистан на воено возило во близина на границата со Иран, се убиени двајца полицајци и еден војник, додека девет припадници на безбедносните сили се ранети, јавуваат безбедносни извори.

Уште еден полицаец загина, а тројца се ранети кога во провинцијата Маридин експлодирала бомба на патот, која ја подметнале милитантите. Експлозијата го разнела оклопното возило.

Турската војска соопшти дека вчера се убиени 23 курдски милитанти во судирите во Нусајбин, Јуксеков и во Сирнак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...