fbpx

Пендаровски: Нема потреба од нова вонредна состојба, лидерите да се договорат за датумот за избори

-

Претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање рече дека овој момент нема потреба да прогласи нова нова вонредна состојба. Тој додаде дека Владата не доставила формално барање за воведување на нова вонредна состојба, бидејќи од здравствен и економски аспект ги спровела мерките.

Пендаровски објасни дека ниту една вонредна состојба до сега не била прогласена заради полициски час, карантин, кризна состојба, број на заболени или починати од корона вирусот.

Таа, како што објасни претседателот, била прогласувана за Владата да може да донесува уредби со законска сила кои се однесуваат на економската и здравствената сфера, бидејќи немаме функционален парламент.

Пендаровски во своето обраќање се осврна и на изборите, за кои рече дека се неопходни заради функционален парламент како и легитимна, а не техничка Влада. Тој укажа на опасностите од изборниот процес ако не биде инклузивен, односно ако ВМРО-ДПМНЕ не учествува на избори.

„Ако организирањето на изборниот процес не биде инклузивен, ќе дојде до уште поголема поларизација на општеството, продлабочување на разликите и говорот на омраза. Ќе навлеземе во длабока уставно-правна криза. Евентуалната правна и политичка криза може да прерасне во безбедносна, поради хибридните закани и лажните вести,“ рече Пендаровски.

Тој додаде дека денеска ќе разговара со претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски за да се договори лидерска средба само со нив и тие да ги усогласат разликите околу датумот за изборите, бидејќи за две недели разлика во барањето за датум за избори, односно 5 или 19 јули, може да се дојде до договор.

Пендаровски рече дека потребно е уште денеска да се најде излез и државните интереси да бидат над личните и политичките интереси.

„Вратата кон поголемата криза ќе ја доведе во прашање европската перспектива, ги поткопува напорите да се стави крај на пандемијата,“ додаде тој.

Како пример за дисфункционална Влада го наведе тоа што поголемиот дел од министрите сметаат дека граѓаните треба да се казнуваат за непочитување на мерките за заштита, а други сметаат дека требаат опомени.

Пендаровски оцени дека состојбота со корона вирусот може да ја намали излезноста на изборите за околу 20 до 25 проценти, и за разлика од просекот, таа да биде околу 50 проценти излезност. Но,потенцираше дека и во состојба на помала излезност, треба да се има инклузивност во изборите за на носителите на власта да им се даде легитимитет и кредибилитет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...