fbpx

Партија што ќе ги изгуби изборите се обиде да направи инциденти, тврди Беса

-

Од Движењето Беса денеска соопштија дека во неколку избирачки места регистрирале неправилности и обиди за нарушување на изборниот процес, за купување гласови, како и обид за правење инцидент од политичка партија што, како што рече партискиот портпарол, Фатон Фазлиу, знае дека ќе изгуби на изборите.

Фазлиу рече дека брзата реакцијата на органите на редот докажува дека нема да биде оштетен изборниот процес.

Портпаролот посочи дека две гласачки места во Гостивар биле затворени, дека нивните набљудувачи добивале закани и дека во општина Сарај забележале обид за купување гласови. Тој посочи неправилности во неколку избирачки места во општина Бутел, а нагласи и дека имало обид за правење инциденти во општина Чаир.

Фазлиу рече дека поседуваат информации за разни криминални обиди од група на една партија, но дека таа се судрила со отпорот на народот кој позитивно им одговорил со излегување на гласање.

– Ова е денот кога народот ја зеде судбината во своите раце. Денешната одлука ја означува нивната судбина не само за четири години, туку за подолго. Секој кој седи дома и не излегува да гласа треба да знае дека е бесчуствителен кон својата иднина и кон своите деца. Сепак, им се заблагодаруваме на сите што ја извршија својата граѓанска одговорност – рече Фазлиу.

Претседателот на движењето Беса Биљал Касами денеска по гласањето на изборите во Тетово изјави дека денес е голем ден за сите на кој имаме можност да избереме наши претставници во локалната власт.

– Се надевам дека ова ќе биде можност да се избере помеѓу едно минато каде локалната власт не ги исполни задачите поради што Тетово е еден од најнеразвиените градови, каде нема вода, чистота, каде улиците не се проодни, истакна Касами, притоа изразувајќи надеж се избере нова власт која ќе ги исполни задачите и ќе биде во служба на сите граѓани без разлика на припадноста.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...