Парискиот договор за климатските промени ќе го потпишат 171 држава во Њујорк

-

Претставници на 171 држава денеска во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе го потпишат договорот за климатските промени кој беше постигнат во декември 2015 година во Париз, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

– Ова е историски момент. Никогаш порано немало толку земји кои потпишуваат некој меѓународен договор во еден ден – изјави Ки-мун.

Францускиот претседател Франсоа Оланд повика светот да го примени договорот и најбргу што може да почне да го спроведува во практика.

Во седиштето на ОН ќе биде одржана церемонија на потпишување на глобалниот договор за борба против климатските промени. Земјите што денеска нема да потпишат, ќе имаат можност да го сторат тоа во рок од една година.

Церемонијата на потпишување на овој историски документ, која се одржува на одбележувањето на Меѓународниот ден на планетата Земја, следува четири месеци по усвојувањето на договорот за климатските промени во Париз кој е прв чекор кон обврзување на земјите во реализација на ветувањето за намалување на ефектот од стаклената градина.

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро се противат...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

МАГА сојузниците се против американски напад на Иран, но не го критикуваат Трамп

Додека во редовите на Републиканската партија се води жестока битка околу прашањето за директна воена интервенција против Иран, истакнати конзервативци и блиски сојузници на поранешниот претседател Доналд Трамп остро...