fbpx

Куќен притвор за првоосомничениот во „Транспортер“

-

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја уважил жалбата на првоосомничениот во случајот „Транспортер“ на решението на судијата на претходна постапка и, наместо притвор, му одредил куќен притвор, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1.

– Постапувајќи по жалба на првоосомничениот во предметот „Транспортер“, С.Б., кој преку својот бранител поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка, Кривичниот совет делумно ја прифатил жалбата и мерката притвор во траење од 30 дена ја преиначил и определил мерка куќен притвор – велат од судот. Станува збор за секретарот на Општина Битола и најблизок соработник на градоначалникот Владимир Талески, кој во времето кога е извршено кривичното дело бил надлежен за јавните набавки во Општината.

Како што информираат оттаму, Кривичниот совет денеска одлучувал и по жалбата од одбраната на осомничената Ј.Ј., на која судијата на претходна постапка ѝ одреди мерка куќен притвор од 30 дена.

– Кривичниот совет ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка – информираат од Кривичниот суд.

Од вкупно 11 осомничени во случајот „Транспортер“ за кои Специјалното јавно обвинителство побара да им бидат одредени мерки за обезбедување присуство, судија на претходна постапка на тројца им одреди притвор, на еден куќен притвор, додека на другите им изрече мерки за претпазливост, односно одземени им се пасошите, имаат забрана за напуштање на живеалиштето и обврска да се јавуваат пред надлежен суд.

Специјалното јавно обвинителство минатата недела отвори истражна постапка поради основани сомневања за сторена злоупотреба со превозот на ученици во Битола, во која осомничени се вкупно 22 лица.

Осомничен во случајот е битолскиот градоначалник Владимир Талески, против кого не се води постапка бидејќи е еден од 56-те лица што беа аболирани од претседателот на државата, Ѓорге Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...