недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Бан Ки Мун | 33 резултати

Португалецот Антонио Гутереш од денеска ја презема функцијата генерален секретар на ОН

јануари 1, 2017

Поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, од денеска ја презема функцијата генерален секретар на Обединетите нации. Гутереш доаѓа на местото на Бан Ки-мун, кој два мандати беше генерален секретар на светската организација. Положувајќи заклетва на 12 декември, тој оцени дека ОН мораат да се подготват за промени. – Од акутните кризи во Сирија, Јемен, Јужен […]

Сè помали се изгледите за мир на Блискиот Исток, оцени Бан Ки-мун

ноември 30, 2016

Генералниот секретар на обединетите нации, Бан Ки-мун, рече дека меѓународната заедница мора јасно да каже дека и понатаму е посветена на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, затоа што изгледите за мир „можат да се лизнат од раце“. Бан, чиј десетгодишен мандат завршува за еден месец, синоќа издаде соопштение во пресрет на состанокот на Генералното […]

Бан Ки-мун во посета на Хаити, апелира на итна помош

октомври 16, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, е во посета на Хаити и на областа што беше погодена од налетот на ураганот Метју. Тој апелираше на итна помош, која му е неопходна на народот што живее на погоденото подрачје. Генералниот секретар на ОН за време на посетата ќе се сретне со претставници на државните и на локалните […]

Гутереш и официјално е новиот генерален секретар на ОН

октомври 13, 2016

Генералното собрание на Обединетите нации, во кое има претставници на 193 држави, денеска едногласно го именуваше поранешниот премиер на Португалија, Антонио Гутереш, за нов генерален секретар на светската организација, јавуваат светските агенции. Советот за безбедност на ОН минатата недела едногласно го номинираше 67-годишниот Гутереш на местото на Бан Ки-мун, чиј петгодишен мандат истекува на 31 […]

Бан Ки-мун бара истрага за воените злосторства во Сирија

октомври 10, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, побара од Советот за безбедност за упати и официјален повик до Меѓународниот кривичен суд за да почне истрага за воените злосторства во Сирија. Ова не е првпат Бан да упати вакво барање. Во 2014 година тоа барање го блокираа Русија и Кина, кои имаат право на вето. Бан, меѓутоа, […]

Ѓорге Иванов и Бан Ки-мун разговараа за бегалската криза и за спорот со името

септември 24, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во рамки на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун. – Чест и привилегија беше можноста да соработувам со Вас изминатите години, Вие сте еден од највидливите и најактивните лидери – истакна Бан за претседателот на Република Македонија, […]

Дамаск го критикува Бан Ки-мун за говорот во ОН

септември 21, 2016

Дамаск го обвини генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, дека неговиот говор пред ОН, во кој вели дека сириската влада е одговорна за најголемиот број убиени цивили во војната е далеку од Повелбата на светската организација. – Зборовите на Бан Ки-мун за Сирија се далеку од Повелбата на ОН, која треба да ја почитува лицето […]

Бан Ки-мун сака следниот генерален секретар на ОН да биде жена

август 16, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Бан Ки-мун изјавил дека тој лично би сакал, кога ќе му истече мандатот, на негово место да дојде жена, што би било првпат од основањето на светската организација пред повеќе од 70 години, јавуваат светските агенции. Бан, чиј втор мандат од пет години како генерален секретар на ОН му […]

Бан Ки-мун предложи на ИД да им се суди во Меѓународниот суд во Хаг

август 4, 2016

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, вчера изјави дека дејствата на терористичката групација Исламска држава во градот Синџар се злосторство врз човештвото, јавуваат светските агенции. Генералниот секретар предложил и тие настани да бидат ставени под истрага во Меѓународниот суд во Хаг. Тој изрази загриженост за судбината на луѓето што се наоѓаат во областите окупирани од ИД, […]

Бан Ки-мун во Атина ги слушна грчките ставови за спорот за името

јуни 18, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, денеска во Атина разговараше со грчкиот државен врв за бегалската криза, спорот за името и за кипарското прашање. Бан Ки-мун утрово се сретна со премиерот Алексис Ципрас, со кој се фокусираше на бегалската криза, додека на пладневната средба со шефот на дипломатијата, Никос Коѕиас, генералниот секретар дискутираше за македонско-грчкиот […]

Македонија и Грција одржаа нова рунда разговори за мерките за градење доверба

јуни 14, 2016

Во Атина се одржа нова рунда разговори за мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција. Со оваа средба меѓу претставниците на грчкото и на македонското министерство за надворешни работи во Атина, се продолжува дијалогот за зајакнување на меѓусебната соработка во повеќе различни сектори за приближување на двете општества. Според информациите од грчкото МНР, на оваа […]

Бан Ки-мун од 17 до 19 јуни во посета на Грција

јуни 10, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, од 17 до 19 јуни ќе биде во официјална посета на Грција. На агендата на Бан ќе бидат бегалската криза, кипарското прашање, но и спорот за името. Прва станица на генералниот секретар на ОН ќе биде Атина, каде на 17 јуни ќе се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас […]

Слаб одзив на развиените земји на хуманитарниот самит за бегалците

мај 25, 2016

Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Бан Ки-мун и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изразија жалење поради слабиот одзив на групите на најразвиени земји (Г7), од кои, на хуманитарниот самит на ОН учествувала само германската канцеларка Ангела Меркел. Ки-мун ги повика земјите повеќе да партиципираат во хуманитарната помош и да преземат заедничка одговорност за бегалците, на […]

Седница на ОН посветена на Косово

мај 16, 2016

Седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на Косово, ќе се одржи денеска во Њујорк. На неа ќе биде разгледан извештајот на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, за работата на Привремената административна мисија на Обединетите нации на Косово (УНМИК) и за ситуацијата на Косово во изминатите три месеци. Извештајот, како што се очекува, ќе […]

Бан Ки-мун повика на заштита на слободните и независни медиуми

мај 3, 2016

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изрази загриженост поради сè поголемите рестрикции со кои се соочуваат медиумските работници во многу земји и ги повика владите, политичарите, бизнисмените и граѓаните да се обврзат дека ќе ги чуваат и ќе ги штитат независните и слободните медиуми. „Ограничувањата на слободите на изразување ставаат окови на самиот напредок“, […]

Бан Ки-мун ја критикува политиката на Австрија кон бегалците

април 28, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ја критикуваше сè порестриктивната политика на ЕУ кон бегалците. – Загрижен сум бидејќи европските држави усвојуваат сè порестриктивни политики за имиграцијата и за бегалците. Таквата политика има негативно влијание врз обврските на земјите членки кон меѓународното хуманитарно и европско право – изјави Ки-мун во обраќањето во австрискиот паралмент. Тој ова го […]

Бан Ки-мун повика на прекин на нуклеарните проби

април 27, 2016

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, ги повика САД, Кина и другите нуклеарни сили да го прекинат „лудилото“ со нуклеарни проби, така што ќе ја ратификуваат Спогодбата за забрана на нуклеарни проби, која годинава навршува 20 години. Со договорот за забрана на нуклеарни проби, кој е ставен на потпишување во септември 1996 години, се […]

Парискиот договор за климатските промени ќе го потпишат 171 држава во Њујорк

април 22, 2016

Претставници на 171 држава денеска во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе го потпишат договорот за климатските промени кој беше постигнат во декември 2015 година во Париз, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. – Ова е историски момент. Никогаш порано немало толку земји кои потпишуваат некој меѓународен договор во еден ден – […]

Асад ги повика ОН да помогнат во обновата на Палмира

март 30, 2016

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ги повика ОН и останатите меѓународни организации да и помогнат на Сирија во обнова на Палмира, откако државните сили ја потиснаа Исламска држава (ИД) од овој древен град. Државната агенција САНА јавува дека Асад го упати апелот во порака до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Сирискиот претседател му […]

Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул

март 20, 2016

Генералниот серкетар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот. Во самоубиствен напад во Истанбул, вчера беа убиени четворица странски туристи–Израелци и еден Иранец, а 36 луѓе беа ранети, […]

Страна 1 од 2