fbpx
Таг: Бан Ки Мун

таг: Бан Ки Мун

Парискиот договор за климатските промени ќе го потпишат 171 држава во Њујорк

Претставници на 171 држава денеска во седиштето на Обединетите нации (ОН) во Њујорк ќе го потпишат договорот за климатските промени кој беше постигнат во декември 2015 година во Париз, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. - Ова е историски момент. Никогаш порано немало толку земји кои потпишуваат некој меѓународен договор во еден ден – изјави Ки-мун. Францускиот претседател Франсоа Оланд...

Асад ги повика ОН да помогнат во обновата на Палмира

Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска ги повика ОН и останатите меѓународни организации да и помогнат на Сирија во обнова на Палмира, откако државните сили ја потиснаа Исламска држава (ИД) од овој древен град. Државната агенција САНА јавува дека Асад го упати апелот во порака до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Сирискиот претседател му се заблагодарил на Бан Ки-мун за...

Бан Ки-мун го осуди нападот во Истанбул

Генералниот серкетар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, го осуди нападот во Истанбул и во писмена изјава изрази надеж дека виновниците за „тоа одвратно насилство“ ќе бидат изведени пред суд со почитување на правата на човекот. Во самоубиствен напад во Истанбул, вчера беа убиени четворица странски туристи–Израелци и еден Иранец, а 36 луѓе беа ранети, меѓу кои и граѓани на...

Бан Ки-мун: Бариерите нема да ја решат бегалската криза

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, оцени дека градењето бариери нема да ја реши бегалската криза во Европа и ги повика политичките лидери да ја следат германската канцеларка Ангела Меркел во борбата со актуелната криза. Во интервју за денешното издание на весникот „Билд“, Бан Ки-мун рече дека „градењето ѕидови, дискриминацијата или враќање луѓе не се одговор на проблемот. Тој, исто така,...

Бан Ки-мун: Запирањето на протекот на мигранти е спротивно на меѓународното право

Ограничувањата на протекот на мигранти воведени во Европа за запирање на бегалскиот бран, се спротивни на меѓународното право и на општочовечката пристојност, изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. За време на посетата во Мадрид, тој изрази загриженост од ограничувањата на патот на мигрантите и рече дека секој кандидат за азил има право на индивидуално разгледување на неговото барање за азил. Оваа изјава на...

Бан Ки-мун: Прекинот на огнот во Сирија е долгоочекувана надеж

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го поздрави договорот помеѓу САД и Русија за прекин на огнот во Сирија, оценувајќи дека тој претставува долгоочекуван сигнал за надеж за сириските граѓани. „Договорот, пред сè, е долгоочекуван сигнал за надеж за сириските граѓани кои пет години чекаа за нивните страдања да бидат завршени“, се вели во соопштението на Бан Ки-мун. Тој апелираше...

Бан Ки-мун: Ескалацијата на судирите во Сирија е закана за мировните преговори

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, предупреди дека ескалацијата на воените активности во Сирија и заканата за понатамошна употреба на сила ги загрозуваат напорите за обнова на мировните преговори и надежта за политичко решение за војната во Сирија. Во писмото до Советот за безбедност на ОН, Бан Ки-Мун навел дека меѓународната заедница и СБ на ОН се соочиле со тежок...

Бан Ки-мун ги повика светските лидери да го потпишат договорот за климата на 22 април

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-мун, ги повика светските лидери да го потпишат договорот за климатски промени, постигнат во Париз во декември, на церемонија во седиштето на ОН на 22 април. Ки-мун изјави дека таа церемонија ќе биде клучен чекор кон ратификација на договорот. Договорот за климата, за да стапи на сила, треба да го ратификуваат 55 земји кои сочинуваат најмалку...

Бан Ки-мун: Вратете се на мировните преговори за Сирија

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска во Лондон изјави дека е „многу вознемирувачки“ тоа што сирискиот мировен процес е загрозен со засиленото бомбардирање и со блокадата на хуманитарната помош за цивилите. На меѓународната донаторска конференција за собирање помош за Сирија и за решавање на мигрантската криза, тој рече дека „следните денови мора да се искористат за враќање на преговарачката...

Осуда за терористичкиот напад во Истанбул

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, и претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, гo осудија денешниот напад во Истанбул, додавајќи дека одговорот на тероризмот мора да биде одлучен. - Европа плаќа висока цена за тероризмот, кој се обидува да ја ослаби нашата доверба во човековите вредности и да го поткопа нашиот начин на живот, но тоа нема да...

Оланд: На дневен ред е иднината на планетата

Францускиот претседател Франсоа Оланд порача дека „самиот живот“ е на дневниот ред на меѓународниот самит посветен на климатските промени во Париз, изразувајќи увереност дека на крајот на конференцијата ќе биде постигнат универзален и принуден договор за намалување на глобалното загревање. - Овој самит се однесува на иднината на планетата, иднината на животот – рече Оланд на отворањето на Самитот, притоа...

Бан Ки-мун: Спасувањето на мигрантите е приоритет

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, денеска изјави дека спасувањето на животите на мигрантите од водите кај Југоисточна Азија, треба да биде приоритет, затоа што тој регион се бори со егзодус на луѓе кои бегаат од прогонување и од сиромаштија. - Во овој момент, кога луѓето се наоѓаат на море, приоритет е како можеме да ги најдеме, да ги спасиме и да...

Голем пожар во зградата на старата Берза во Копенхаген

Голем пожар избувна утрово во зградата на поранешната Берза во Копенхаген од 17 век – една од најпознатите знаменитости на данската престолнина. Пожарот го проголта кровот на историскиот објект...