fbpx

Отворен аеродромот во Брисел – 12 дена по терористичките напади

-

Дванаесет дена по терористичките напади во Брисел повторно е отворен аеродром „Завентем“ во Брисел, од кој денеска е планирано да полетаат три патнички авиони, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува „ХРТ“, патниците се повикуваат да дојдат три часа пред полетувањето поради строгите безбедносни мерки. Патниците мора да дојдат со автомобили бидејќи сè уште не е воспоставен железничкиот и автобускиот превоз до аеродромот.

На аеродромот се поставени специјални камери кои ќе ги вчитуваат регистерските таблички и ќе се прават проверки на автомобилите по случаен избор.

Патниците и нивниот багаж ќе бидат подложени на детални контроли, а ќе бидат засилени потролите на полицијата и војската.

Првиот од трите планирани лета е во 13.40 часот за Фаро, Португалија. Другите два лета се до Торино, Италија и до грчката престолнина, Атина.

Во терористичките напади во Брисел загинаа 32 лица, од кои 16 на аеродромот „Завентем“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...