Османи – Жбогар: Потребна е тесна соработка на Владата и на Собранието за реформите

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска разговараа за приоритетите на кои ќе работи новата Влада во наредниот период, во рамките на активностите посветени на интеграцијата во ЕУ.

– Соочени сме со големи предизвици за да го надоместиме изгубеното време поради продолжената политичка криза и да ја вратиме земјата на патот кон интеграција во ЕУ. Се надеваме дека ќе го оствариме тоа во тесна соработка со сите општествени чинители во земјава, со поддршка од нашите меѓународни пријатели и особено во партнерство со Европската комисија и со Делегацијата на ЕУ – истакна Османи.

Тој го информирал евроамбасадорот дека Владата го прифатила неговиот предлог одблиску да ја следи динамиката на реформите за интеграција во ЕУ, во согласност со реформските приоритети, како и за детален увид во статусот на ИПА-фондовите за да се подобри нивната искористеност.

Османи и Жбогар, како што се наведува во соопштението, се согласиле дека е потребно напорно да се работи на реформите, преку тесна соработка на Владата и на Собранието за да се спроведат неопходните реформи за обезбедување услови, на национално и на меѓународно ниво, за пристапување на Македонија во Европската Унија.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...