fbpx

Орбан: Мигрантите во Европа се имигранти, а не бегалци

-

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека луѓето кои масовно доаѓаат во ЕУ се имигранти, кои се привлечени од просперитетната иднина во Германија, а не се бегалци.

– Ако сакаат да продолжат да доаѓаат во Унгарија, тоа не е затоа што се во опасност, туку затоа што сакаат нешто друго – рече Орбан, додавајќи дека нивната цел е Германија и „германскиот живот“, а не физичката безбедност.

„Антимигрантскиот премиер“, како што го нарекуваат западните медиуми, смета дека ЕУ треба финансиски да ја помогне Турција и другите земји надвор од ЕУ во згрижувањето мигранти и бегалци кои се обидуваат да стигнат до Европа.

Реката бегалци кои пристигнуваат, според Орбан, ќе претставуваат неподнослив финансиски товар на европските земји, додавајќи дека тоа може да ги загрози „богатите христијански земји“ на континентот.

Орбан во обраќањето пред дипломатите во Будимпешта рече дека дискусијата за квотите за прием на мигранти доаѓа прерано, особено додека ЕУ не стане способна да ги брани своите надворешни граници.

– Многу подобро е ЕУ да основа фонд од кој, во договор со државите што ни се важни, како Турција, ќе им се дава поддршка за решавање на проблемите со бегалците на тие земји – рече унгарскиот премиер, додавајќи дека примарен интерес на ЕУ е Унгарија да биде во состојба да ја заштити својата граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...