fbpx

Оптимизам во Атина по состанокот во Брисел

-

Грчката влада е задоволна со исходот од синоќешната средба со клучната шесторка европски лидери во Брисел. Одлуката да се спроведе договорот од 20 февруари, која ја договорија вчера премиерот Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, првиот човек на Европската централна банка, Марио Драги, првиот човек на комисијата, Жан-Клод Јункер, претседателот на еврогрупата, Јорен Дајсенблум, и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, во Атина влева оптимизам и се толкува како оддишка по двомесечните притисоци и како зелено светло да почне да се исплаќа финансиската помош за Грција.

Премиерот Ципрас ја оцени одлуката како конечно враќање на целиот преговарачки просец со ЕУ назад во колосек, истакнувајќи дека државата избегнала строги мерки за штедење и ќе продолжи во насока на одредување и на спроведување конструктивни реформи кои ќе донесат економски развој. Она што е клучно за Ципрас е зеленото светло да се исплатат пари за хуманитарна помош на најпогодените грчки семејства.

– Јасно е дека Грција нема обврска да спроведува строги рецесивни мерки. Грција ќе поднесе нејзини структурни реформи и истите и ќе ги спроведе. Истовремено, од сите страни постоеше волја да се врати финансиската способност на грчката економија на нозе што поскоро. Јункер ја потврди и неговата волја да се развијат европски програми кои ќе исплатат важна сума за справување со хуманитарната криза во Грција. Продолжуваме со многу поголем оптимизам – истакна Ципрас по завршувањето на средбата во Брисел.

Грчките медиуми пренесуваат задоволство, оценувајќи дека во последен момент излегол бел чад од ЕУ за Грција да може да продолжи напред со реформите, наместо да остане заглавена во понатамошни расправии и несогласувања, кои само ја продлабочуваа неизвесноста за грчката финансиска стабилност и останувањето во еврозоната. И покрај оддишката по синоќешната средба, сепак се истакнува дека грчката влада нема простор да се релаксира, туку треба интензивно да работи на дисциплинирано спроведување на сите реформи што се бараат од неа. Според неофицијални информации од Брисел, кои кружат во грчките гласила, владата има рок од една недела да претстави целосна, детална листа на реформи кои планира да ги спроведе и исполни. Оцените се дека иако најлошото сценарио е избегнато, Грција дури сега ја очекува напорна работа да покаже посветеност и напредок за работите на кои ќе се обврзе за да нема никакви пречки за исплаќање на финансиската помош за државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...