fbpx

Оланд: Франција без проблем ќе најде купувачи за воените бродови

-

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека нема да има никакви проблеми да се пронајдат нови купувачи за два воени брода од класата „мистрал“ што требаше да ги купи Русија, пред официјален Париз да го раскине договорот за продажба.

Оланд ова го изјави во египетскиот град Исмалија, каде присуствуваше на церемонијата по повод свеченото отворање на новиот Суецки Канал.

Два француски носачи на хеликоптери, долги 200 метри, требаше да ѝ бидат испорачани на Русија до крајот на годината, за што беше потпишан договор чија вредност изнесуваше 1,2 милијарда евра. Официјален Париз, меѓутоа, одби да ѝ ги испорача бродовите на Москва, како реакција на наводното мешање на Русија во конфликтот на истокот на Украина.

Договорот синоќа е официјално раскинат, а само неколку часа подоцна, францускиот министер за одбрана, Жан-Ив ле Дријан, рекол дека неколку земји изразиле заинтересираност да ги купат бродовите „мистрал“, не наведувајќи повеќе детали.

Стручњаците, сепак, предведуваат дека Франција мора да ги намали цените на носачите на хеликоптери за да можат да привлечат нови купувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...