fbpx

Најмалку 11 мртви во пад на хеликоптер во Пакистан

-

Најмалку 11 лица загинаа во пад на воен хеликоптер во планискиот регион во Северозападен Пакистан, соопшти пакистанската полиција.

Хеликопотерот кој служел за пружање медицинска помош, бил на пат кон североисточниот дел на областа Гилгит кога се срушил во близина на дистриктот Мансехра, рекол полициски службеник.

Тој навел дека спасувачите досега од урнатините извлекле 11 тела и додал дека причината за несреќата е сè уште непозната, како и дека истрагата е во тек.

Еден пакистански воен официр, кој нема овластување за изјави, рекол дека хеликоптерот превезувал 12 лица, вклучувајќи воени лекари, болничари и членови на екипажот, и дека се срушил поради лошите временски услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...