fbpx

Охридско-преспанскиот резерват може да донесе одржлив развој за населението

-

Преку изработка и спроведување краткорочни и среднорочни акциски планови за менаџирање на биосферниот резерват Охрид-Преспа, како и со анализа на моменталните економски трендови и разбирање на економските потреби на населението кое живее на просторот на резерватот, сосема е можно економски да се развива овој регион без притоа да се загрозуваат неговите природни ресурси.

Прекуграничниот биосферен резерват Охрид – Преспа ги опфаќа сливните подрачја на Охридското и Преспанското Езеро, со површина од 446.244 хектари, територија која припаѓа на албанскиот и македонскиот дел од сливното подрачје на двете езера. На територијата на резерватот живеат околу 450.000 жители, во 26 единици на локална самоуправа на албанска и шест на македонска територија.

-Собравме големо количество на податоци и информации за економската состојба во регионов, што пак ни помогна да креираме целосна слика, со која пак ќе знаеме во која насока да се движиме. Прво изработивме план за одржлив економски развој на регионот, кој пак ни помогна во изработката на акцискиот план. Идејата е следна, да се збогати економијата во регионов притоа мислејќи на одржливоста на ресурсите – објаснува Аритон Хаса, експерт – автор на акциски планови за одржлив економски развој.

Биосферниот резерват отвора врата преку која се воспоставуваат меѓусебните врски меѓу општините од Македонија и Албанија и сите општествени и економски чинители, каде во прв план избива економскиот развој, како преку брендирање разни производи од регионот, така и развој на туризмот со кои ќе се излезе на европскиот пазар., појаснува тој

Проектот „Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа“, преку кој ќе се овозможи зачувување, развој и обновување на флората и фауната во ова подрачје, е финансиран од ИПА 2 програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...