„Охрид SOS“: И власта и опозицијата тајно кројат нови еколошки катастрофи преку легализациите

-

Иницијативата „Охрид SOS“ алармира дека Советот на Општина Охрид во тајност подготвува легализации што ќе значат нарушување на еко-сферата на Охридското Езеро, со објекти што ќе го нарушат природниот склад.

Еко-активистите алармираат дека дивоградбите што се планирани за легализација, директно навлегуваат во Националниот парк „Галичица“ и обвинуваат дека советниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кријат од своите гласачи и не соопштуваат за што точно ќе се гласа, а општината објавува само штур дневен ред на спорните седници.

„Во продолжение, ставаме на увид за што ќе гласаат меѓу другото (односно што треба да легализираат) советниците на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ. Во описот на секоја слика е наведено под која точка е на дневен ред и за која локација, односно катастарска парцела се работи, без податоци за тоа што се легализира. Зачудува како земјиште во сопственост на Република Македонија, во Трпејца, кај авто-кампот „Андон Дуков“, во Велестово и на други локации каде нема изградени објекти се става во категорија „вклопување на бесправно изградени објекти“, а уште повеќе, некои од катастарските парцели се наоѓаат на самиот брег на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица, на атрактивна местоположба. Се сеќаваме на повлечената точка од дневен ред за месноста Градиште само пред два месеци каде се подготвуваше слична операција, имајќи предвид, дополнително, дека тука сè уште не е завршен процесот на денационализација“, се вели во соопштението од „Охрид SOS“.

Еко-активистите алармираат и дека не се соопштува која квадратура би требало да се легализира, дека станува збор за државно земјиште, што само по себе е спорно, а и дека на барем една од парцелите нема градба што треба да се легализира, што значи дека постапката е промашена, односно многу сомнителна бидејќи се прави обид да се легализира нешто што не е воопшто изградено. Алармираат дека голем дел од легализациите завлегуваат во заштитеното Студенчишко Блато. Притоа, „Охрид SOS“ потсетува на стандардите што го дефинирал УНЕСКО.

„Владата, во Акцискиот план кон Извештајот за напредокот во спроведување на препораките од февруари 2018 си зададе задача, со рок до ноември 2018 да направи детален инвентар на нелегалните градби. Тоа се разбира не се случи, Владата не ги испочутива ни планот којшто самата си го зададе, а следствено не се реализирани ни другите барања. Во Извештајот за напредокот во спроведување на препораките од 30 ноември 2018, Владата несмасно посочува дека за градбите кои се легализираат, мислење односно одобрение дава „надлежна установа за заштита на културното наследство“ што не е институција која може да направи проценка за влијанието врз природното наследство, а секако отсуствува и гореспоменетата, неопходна оцена (ОВЖС).

Да нема забуни, иако Владата дава отчет пред Центарот за светско наследство на УНЕСКО, задачите кои се во доменот на локалната самоуправа се обврска на истата. Тоа секако ја вклучува урбанизација за чие планирање и контрола е задолжена Општината“, велат еко-активистите.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...