четврток, 14 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: студенчишко блато | 19 резултати

Охридско Езеро и Студенчишко Блато ќе бидат впишани како трето Рамсар подрачје во државата

мај 8, 2021

Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсар листа, Македонија по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од […]

УНЕСКО во новиот извештај бара трајно напуштање на идејата за марина во Студенчишко блато

јануари 12, 2021

Нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион ја разбранува охридската, но и македонската јавност, како и реакцијата на локалната самоуправа на истиот. Извештајот веќе е пристигнат до сите надлежни институции на централно и на локално ниво, а од Општина Охрид во предвидениот рок велат дека ќе дадат коментари на […]

Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

ноември 17, 2020

Владата на Р.С.Македонија донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, соопштија од кабинетот на министерот за животна […]

Студенчишкото блато во Охрид на чекор да го добие статусот Парк на природата

јули 31, 2020

На вчерашната 45-та седница, Советот на Општина Охрид ја изгласа предлог-одлуката за предлагање на прогласување на заштитеното подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На вчерашната седница претходно беше донесен предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за изготвената Студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Според студијата се […]

Изготвена студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато

март 5, 2020

Општина Охрид ја изготви Студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, информираат од локалната самоуправа во Охрид. Во рамки […]

„Охрид SOS“: И власта и опозицијата тајно кројат нови еколошки катастрофи преку легализациите

март 28, 2019

Иницијативата „Охрид SOS“ алармира дека Советот на Општина Охрид во тајност подготвува легализации што ќе значат нарушување на еко-сферата на Охридското Езеро, со објекти што ќе го нарушат природниот склад. Еко-активистите алармираат дека дивоградбите што се планирани за легализација, директно навлегуваат во Националниот парк „Галичица“ и обвинуваат дека советниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ […]

Со перформанс „Мора мораториум“ се протестираше за заштита на Охридско Езеро

јули 31, 2018

Со мирен протестен перформанс, кој тргна од Лагадин, и застанувајќи на неколку места, заврши пред зградата на Општина Охрид, денеска балерината Гарсиа Елена од театарот „Баљшој“ од Москва, Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., заедно со […]

Заштитата на Студенчишко Блато, „Охрид СОС“ ја подигна на европско ниво

мај 11, 2017

Од 15 до 19 мај, во Скопје и во Охрид во работна посета ќе биде проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот разгранок на Светското друштво на научници за блатни еко-системи. Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека Ферхуфен доаѓа на нивна иницијатива и дека во Скопје ќе одржи серија предавања на Природно-математичкиот факултет. Исто […]

Охриѓани против новите градежни зафати, бараат заштита на Студенчишко Блато

април 25, 2017

Околу 99 отсто од сите 300 анкетирани жители од Охридско сметаат дека промената на деталниот урбанистички план за зголемување на катноста на објектите од хотел „Тино“ до „Милениум палас“ е штетна урбанистичка одлука, која треба да се повлече. Огромен дел од испитаните граѓани, исто така, ги оценуваат предвидените капитални инфраструктурни проекти како исклучиво штетни и непотребни […]

„Еден“: Граѓаните не се информирани за инфраструктурните проекти на Галичица

април 24, 2017

Граѓаните немаат слушнато за бизнис-планот за националниот парк Галичица, покажува анализата на здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. Според Драгана Велковска од ова здружение, државните институции сметаат дека нема потреба од нова или дополнителна законска регулатива за заштита на Галичица, но потребно е доследно спроведување на постојната. Повеќе од половината институции сметаат дека […]

„Охрид СОС“: Продолжува негрижата за животната средина, здравјето и за квалитетот на живот на граѓаните

декември 9, 2016

Во текот на изминативе две години, локалните власти во Охрид и владата наголемо најавуваа големи инфраструктурни проекти во Охридско и покрај предупредувањата од домашни и од странски експерти дека реализација на тие проекти ќе значи дефинитивно уништување на значајни и уникатни екосистеми. Со ваква реакција се огласија од невладината „Охрид СОС“, како што велат, испровоцирани […]

Еколозите со предупредување: Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО

ноември 10, 2016

Еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека постои опасност Охридскиот Регион, наместо на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, во февруари следната година да се најде на листата на загрозено наследство. Истовремено, иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернската конвенција во Стразбур. „Планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и […]

Во одлуките за езерото и за Галичица треба да се вклучат и граѓаните на Охрид

ноември 4, 2016

Граѓаните на Охрид се незаобиколен фактор и тие треба да го дадат своето мислење дали треба да се реализираат сите предвидени проекти поврзани со Охридското Езеро и со Галичица. Ова е заклучокот од „Отворениот екоден“ наменет за граѓаните, а кој беше организиран денеска од Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ). – Се надеваме дека ќе […]

„Охрид СОС“ бара ревизија на планот за Националниот парк Галичица

јуни 28, 2016

Активистите од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека треба да се ревидира менаџмент-планот за Националниот парк Галичица, во насоката во која би требало да се одвива идниот развој на Галичица и на регионот. – На Охрид му треба туризам во текот на целата година и уништувањето на природата значи смрт за туризмот во градот со […]

„Би-Би-Си“ за Охридско Езеро: Балканскиот Галапагос е под закана

септември 11, 2015

Заканата од уништување на Охридското Езеро со претерана урбанизација, се најде на страниците на јулското издание на едно од најчитаните печатени списанија за див свет „Би-Би-Си вајлдлајф магазин“ (BBC Wildlife Magazine). – Балканскиот Галапагос е под закана. Дом на уникатни видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Студенчишко […]

Страна 1 од 1