fbpx

Одмаздата на Тамара: Забеганите* проекти добија нова единица мерка

-

По текстот на „Мета“, дека парите за панорамското тркало, кое ќе чини 15,5 милиони евра, можат да спасат 516 Тамари, на социјалните мрежи секој трошок на Владата почна да се пресметува во пари за болни лица, луѓе без дом, амбулантни возила, студентски домови.

Со вкупно 19,2 милиони евра кои ќе се потрошат за ограда на Владата, за таблет-компјутерите за студентите и со парите колку што чини плацот на Водно за кој се сменил детален урбанистички план, може да се излекуваат 640 болни деца чие лекување чини 30.000 евра, како тоа на малата Тамара од Велес.

Неколку месеци откако зградата на Владата доби нова фасада, која чинеше речиси 10 милиони евра, таа ќе се оградува со метална ограда од ковано железо, која ќе чини 700.000 евра. На „Твитер“ има серија коментари дека со 700.000 евра, колку што ќе чини оградата на владата, можат да се излечат 23 болни деца.

Пред два дена, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, го обвини премиерот Никола Груевски дека со промена на деталниот урбанистички план, од зеленилото на Водно направил градежно земјиште кое по денешна пазарна вредност чини 17 милиони евра.

„Ако ова не е Никола Груевски, тогаш кој Груевски е? Не, ова е Никола Груевски по чиј налог зеленило и рекреативни појаси на скопјани на Водно, станале градежно земјиште. Од новиот детален урбанистички план што Груевски насила сака да важи, се гледа дека станува збор за план за објекти, само на име на фирмата од Белизе, од 14.500 квадратни метри развиена површина, коишто по денешна пазарна цена за земјиште на Водно, ќе тежат повеќе од 17 милиони евра“, рече Зоран Заев на прес-конференцијата пред два дена, кога ја објави последната „бомба“.

Еден од твитовите вели дека Македонија за образование годишно троши 30 милиони евра, а друг дека и со овие пари можат да се излечат многу болни деца.

 

 

Владата најави дека во наредниот период ќе набави таблет-компјутери за студенти кои ќе чинат околу 96 милиони денари, односно 1,5 милиони евра, и ќе бидат обезбедени од буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација. Коментарите за овој проект се дека на студентите не им се потребни таблети додека студентските домови се распаѓаат и немаат парно и додека учениците од село Држилово четири месеци не одат на училиште затоа што нема буџет за наставник.

 


*Терминот „забегани“ е преземен од оценката на министерката за внатрешни работи Јанкулоска во врска со економските политики на нејзината влада откако министерот за финансии Ставрески изјавува „Ние сме лудаци!“. „Буквално“, одговара Јанкуловска, „терминот што го употребуваат комуњарите ’забегани’, тоа е тој термин“. Еве линк до разговорот https://www.youtube.com/watch?v=E3d2xPAZcy4

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...