fbpx

Еден од пилотите не бил во кабината за време на несреќата

-

Еден од двајцата пилоти на авионот „ербас А320“ на германската компанија „Џерманвингс“, кој во вторникот се урна над француските Алпи со 150 патници, ја напуштил пилотската кабина и не можел да се врати за време на несреќата, јавува агенцијата „Франс прес“.

Повикувајќи се на извори блиски до истрагата за падот на авионот и врз основа на снимките од црната кутија, агенцијата наведува дека на снимката прво се слуша разговор на двајца пилоти, по што се отвора и затвора вратата и разговорот престануваа.

– На почетокот на летот се слуша разговор на екипажот, потоа се слуша звук на поместување на седиште, како и звук на отворање и на затворање на вратата од пилотската кабина. Потоа веќе ништо не се слуша до крајот на несреќата – вели извор близок до истрагата.

Изворот наведува дека пилотите разговарале на германски. Пред крајот на снимката се слуша аларм кој укажува на принудно слетување, а потоа силен звук на слетување. Засега не се знае кој од пилотите ја напуштил кабината, капетанот или копилотот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...