сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: болест | 35 резултати

Регистриран нов случај на африканска чума во Општина Ранковце

јуни 20, 2023

Врз основа на лабораториски наоди кои вчера доцна попладне ги доби Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од Институтот за ветеринарна медицина при Факултетот за ветеринарна медицина, потврден е нов, изолиран случај на болеста африканска чума кај питомата популација свињи во село Петралица, општина Ранковце, кое се наоѓа во високоризичната зона во однос на оваа […]

Нов случај на африканска чума во Македонска Каменица

јули 27, 2022

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги известува одгледувачите на свињи дека од Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина Скопје доби потврда за појава на нов случај на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште со екстензивен начин на чување свињи во село Моштица, општина Македонска Каменица. „По поднесената пријава за сомнеж на […]

Вистиномер: Дури и ако се разболат, вакцинираните многу полесно се справуваат со ковид-19 од невакцинираните

август 2, 2021

Во постот што го рецензираме, со испуштање на важни информации, се креира погрешен впечаток. Дури и да има заразени со ковид по 2 примени дози од вакцината (има такви случаи во сите земји од светот, па и во нашата), тие во најголем дел се со полесна клиничка слика, ретко умираат и ретко се хоспитализирани со […]

МЦМС: 86,3 проценти од граѓаните сметаат дека е важно родителите да ги вакцинираат децата

февруари 18, 2019

Актуелната состојба со епидемијата на морбили беше причина МЦМС да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Според истражувањето, за големо мнозинство од граѓаните (89,7 проценти) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава. Висок е и процентот (86,3 проценти) на оние кои сметаат дека целосно или донекаде е важно родителите да […]

Судењето за „Титаник“ се одложи за 24 септември поради болест на Протоѓер

септември 12, 2018

Поради болест на обвинетиот Мартин Протоѓер судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 24 септември. Адвокатот на Протоѓер, Дончо Наков, на судот достави лекарска документација и објасни дека обвинетиот ноќеска во два часот бил однесен на ургентен центар. Обвинителката Лиле Стефановска, рече дека со лекарската потврда се докажува спреченоста на обвинетиот […]

ИЈЗ: Во Македонија нема Западнонилска треска

август 16, 2018

Во Македонија до вчера не е регистриран ниту еден случај на Западнонилска треска, болест што ја пренесуваат комарците, соопшти Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Здравствените власти потсетуваат дека ниту еден случај на заболен од оваа болест нема од 2016 година до вчера, за разлика од соседството, каде од почетокот на сезоната до 9 август има […]

Почина поранешниот вицепремиер Абдилаќим Адеми

февруари 16, 2018

По тешко боледување, синоќа почина Абдилаќим Адеми, член на ДУИ и поранешен висок државен функционер. Од 2008 година Адеми беше вицепремиер задолжен за спроведување на Рамковниот договор, од 2011 до 2014 година беше министер за животна средина и просторно планирање, а од 2014 до 2016 година ја извршуваше функцијата министер за образование и наука. Од […]

Судењето за „Труст“ одложено за 20 февруари, се разболе адвокатката на Авировиќ

февруари 13, 2018

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан се одложи, бидејќи во Кривичниот суд не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ. Причина за денешното отсуство е тоа што адвокатката се разболела, а за тоа ја известила и судијката, која следното рочиште го закажа […]

Вакцинацијата против грип ќе почне в среда

октомври 16, 2017

Вакцинацијата против грип ќе почне в среда (18 октомври) и ќе се врши во центрите за јавно здравје и во нивните подрачни единици на територијата на целата држава, информираат од Министерство за здравство. „Вакцината е подготвена во согласност со препораките на СЗО и штити од два типа вируси од групата A и од еден тип вирус од […]

Двајца мажи починале на Инфективна, надлежните велат нема простор за паника

јули 26, 2017

Двајца мажи на возраст од 23 и од 50 години починале на Клиниката за инфективни болести во Скопје во тешка состојба, а Комисијата за заразни болести при Мининистерството за здравство сè уште не сака да ги соопшти причините за смртта. Од таму велат дека симптомите одговараат на повеќе болести, а официјалната причина ќе се знае […]

Почина кинескиот нобеловец и дисидент Лју Сјаобо

јули 13, 2017

Кинескиот добитник на Нобеловата награда за мир и дисидент, Лју Сјаобо, почина на 61-годишна возраст, соопштија денеска властите во кинеската провинција Лиаонинг, каде Сјаобо беше хоспитализиран поради рак на црниот дроб. Како што пренесуваат светските агенции, кинеската правосудна канцеларија соопштила дека нобеловецот починал три дена откако бил префрлен на интензивна нега поради откажување на повеќе […]

Кинескиот нобеловец и дисидент Лју Сјаобо ослободен од затвор

јуни 26, 2017

Кинескиот добитник на Нобеловата награда за мир и дисидент Лју Сјаобо е ослободен од затвор, откако на 23 мај му бил дијагностициран рак на црниот дроб во терминална фаза, соопштил неговиот адвокат Мо Шаопинг, јавуваат светските агенции. Сјаобо се наоѓа на лечење во градот Шенгјанг, на североистокот на Кина и се наоѓа во стабилна состојба, […]

Германија е четврта земја во Европа каде е регистриран птичји грип

ноември 24, 2016

Птичји грип е потврден на една фарма во Долна Саксонија, каде што ќе бидат заклани 16.000 мисирки поради сомнеж дека се заразени, соопштија официјалните лица. Вирусот е потврден во Клопенбург, Северна Германија и ова е прв случај во регионот кој е еден од најголемите производители на пердуви во Европа, соопшти министерството за земјоделство во Долна […]

По кратко боледување почина пејачката Љупка Димитровска

октомври 4, 2016

По кратко боледување, вчера почина познатата македонско-хрватската пејачка Љупка Димитровска, јавуваат хрватските медиуми. Димитровска беше родена во 1946 година во Скопје, но по првите пејачки успеси најголемиот дел од кариерата и од животот ги помина во Загреб. Нејзиниот прв албум „Љупка“ беше објавен во 1975 година.

ФЗОМ одобри пари за лекување на Мартин Мицев

септември 17, 2016

Фондот за здравствено осигурување денеска соопшти дека лекувањето за бебето Мартин Мицев е одобрено. Како што пишува во соопштението на фондот, Мартин Мицев ќе се лекува во Германија, а неговото лекување, кое во целост ќе биде покриено од ФЗОМ, ќе чини 280.000 евра. „Почитувани, по повод пишувањата на определени веб-портали и социјални мрежи кои повикуваат […]

Тетовец заболен од маларија хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести

август 4, 2016

Дваесет и четиригодишен тетовец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на Клиниката за инфективни болести, пренесе „Здравство 24“. Болеста ја донел од Мали, каде работел неколку месеци. Првите симптоми ги добил во Тетово и побарал помош на инфективното одделение во тетовската болница. По прегледот веднаш бил препратен за Скопје, каде му ја дијагностицирале најтешката форма […]

81-годишен пациент почина од западнонилска треска во Србија

август 1, 2016

Во Србија се регистрирани три случаи на лица заболени од западнонилска грозница, од кои едно веќе им подлегнало на последиците на болеста. „Врз основа на податоците доставени до Институтот и од лабораториските наоди, регистрирани се три случаи на лица заболени од западнонилска треска, од кои едно почина од последици што можат да се доведат во врска […]

СДСМ: Некој ќе одговара за злосторствата врз пациентите на очната клиника

август 1, 2016

Злате Мехмедовиќ, член на комисијата за здравство на СДСМ, обвинува дека на пациентите на Клиниката за очни болести за време на операциите во очите им биле ставени инјекции кои не биле наменети за очи. Од опозициската партија велат дека одговорноста за овие случаи води кон највисокиот врв во здравството и кон Никола Тодоров. „Според информациите што […]

Четиригодишно дете со нилска треска примено на Клиниката за детски болести

јули 25, 2016

Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на западнонилска треска било примено на Клиниката за детски болести. Од Клиниката велат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица. Вирусот кај детето не оставил посериозни компликации, но сè уште е хоспитализирано на клиниката. Ова е прв случај […]

Болеста јазлеста кожа побрза од вакцините

јуни 21, 2016

Итен состанок со ветеринарните служби и со инспекциите денеска имаа сточарите од Општината Карбинци. Болеста јазлеста кожа се прошири на неколку стада во оваа општина. Сточарите велат дека ветените вакцини задоцнија, а болеста со појавата на комарците интензивно се шири. Сточарите на состанокот се пожалиле дека допрва ќе трпат загуби. Бараат час поскоро преку вакцинација […]

Страна 1 од 2