fbpx

Од среда фирмите ќе може да аплицираат за бескаматни кредити од 8 милиони евра

-

Микро, малите и средни компании погодени од Ковид-19 кризата, од среда (29 април) ќе можат да аплицираат за 8 милиони евра бескаматни кредити, преку Развојната банка. Кредитите од оваа линија ќе бидат до 90.000 евра, а условите и постапката за аплицирање се олеснети, информираат од владината прес-служба.

За оваа кредитна линија можат да аплицираат сите погодени компании кои имаат намалување на приходот за повеќе од 30 отсто во последниот поминат месец, на пример во месец март во споредба со истиот месец минатата година или со просечниот месечен приход во 2019 година. Компаниите треба да се регистрирани повеќе од половина година, да немаат неплатени даноци и придонеси до 31.01.2020, да не се во постапка на стечај или ликвидација и да не се во категоријата исклучително ризични кредитобаратели.

Министерката за финансии Нина Ангеловска посочи дека бескаматните кредити се наменети за зачувување на работните места во фирмите и подобрување на нивната ликвидност.

– За разлика од првата кредитна линија – оваа е наменета за сите дејности, како и максималниот износ на кредит е три пати повисок во однос на првата кредитна линија, односно минималниот износ на кредит е 3.000 евра, додека максималниот износ е 90.000 евра. Сумата на кредитот се одредува според бројот на вработени заклучно со 31.01.2020, односно минималната плата се множи по бројот на вработени и по 3 месеци. Како што кажува и името на кредитната линија – камата е нула. Трошоци за аплицирање кон Развојната банка исто така нема да се плаќаат. Рокот на отплата е до 3 години со вклучен грејс период до 12 месеци, додека обезбедувањето е со меница – објасни министерката Ангеловска.

Развојната банка и Централниот регистар склучија и договор со кој документите кои им се потребни на кредитобарателите, Централниот регистар ќе ги дава бесплатно. Предвидено е документите од Централен регистар кои им се потребни на кредитобарателите електронски да ги преземаат вработени од Развојната банка.

Средствата за бескаматните кредити се обезбедени преку компензационите фондови од Јапонија. Заедно со новата кредитна линија, на фирмите им се ставаат вкупно на располагање 13,7 милиони евра бескаматни кредити преку Развојната банка. Досега од првата кредитна линија „Ковид1“ се обработени барањата на 254 компании во износ од 2,2 милиони евра и во кои работат 2.853 вработени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...