fbpx

За еден месец направени 33.173 инспекциски надзори, затворени се 162 објекти и повеќе од 350 кафемати

-

На денешната прес-конференција, претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска даде осврт за сработеното на шесте инспекторати во периодот од 19 март до 21 април. Во овој период направени се вкупно 33.173 инспекциски надзори.

Државен пазарен инспекторат:

  • Реализирани 26.569 надзори кои се однесуваат на угостителски објекти и контроли на замрзнати цени;
  • Затворени 162 угостителски објекти кои не ги почитувале мерките на Владата;
  • Забранети за употреба повеќе од 350 кафемати.
  • Проверка на замрзнати цени 5.508 надзори на мали и големи продажни објекти.

Агенција за храна и ветеринарство:

  • Реализирани 1.645 инспекциски надзори;
  • Изречени 5 глоби, 75 казнени мерки за неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и 64 решенија за констатирана лоша хигиенска состојба

Државен инспекторат за труд:

  • Реализирани 3.236 надзори
  • Донесени 42 решенија 152 решенија за укажувања
    (Поголемиот дел од нив се поврзани со платено отсуство на родител со дете до 10 години, самохрани родители, бремени жени или хронично болни лица)

Државен инспекторат за транспорт:

  • Реализирани 751 надзори
  • Констатирано е дека меѓуопштинскиот сообраќај е редуциран за 95% и продолжува да се редуцира.
    Меѓуградскиот е исклучен во целост.

Државениот здравствен и санитарен инспекторат:

  • Реализирани 732 инспекциски надзори (со фокус приватни и јавни здравствени установи, домови за стари лица, а во врска со почитување на протоклите за заштита на медицисн персонал за прием и постапување со инфицирани пациенти од корона вирус)
  • Издадени се 9.607 дозволи на транспортери за професионални возачи со цел да се обезбеди непречена достава на стоки во време на пандемија.

Агенција за лекови „МАЛМЕД“:

  • Реализирани 240 контроли на веледрогерии и аптеки
  • Утврдено е дека нема специфични отстапувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...