fbpx

Од 2.993 тестирања евидентирани се 1.120 нови случаи на ковид-19, оздравеа 916 пациенти, а починаа 28 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.993 тестирања, а регистрирани се 1.120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.

Денеска Институтот за јавно здравје евидентира 916 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-52, Дебар-4, Штип-42, Прилеп-61, Тетово-35, Струга-29, Велес-41, Битола-79, Охрид-36, Кавадарци-24, Гостивар-62, Гевгелија-15, Струмица-24, Крива Паланка-12, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Пехчево-3, Берово-10, Валандово-3, Виница-10, Кратово-2, Свети Николе-14, Кичево-39, Ресен-2 и Неготино-26.

Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 69.452, на оздравени пациенти е 45.621, починати се 1.977, а бројот на активни случаи изнесува 21.854.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови, најмногу дијагностицирани случаи има во Скопје, 30.085, од кои активни се 10.969. Следува Тетово со 4.182 потврдени случаи, од кои 1.007 се активни и Куманово со 4.097 дијагностицирани и од нив 657 активни на ковид-19.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...